fbpx

Попладнево невреме и пороен дожд

-

Попладнево во Македонија има развој на нестабилна облачност, којa најпрвин почна во планинските подрачја во западниот дел од државата, околу Јакупица и на крајниот североисточен дел, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму информираат дека во моментов поинтензивна нестабилност има во прилепскиот дел, на потегот од Охрид кон Крушево и во североисточните делови.

Според радарската слика од Тополчани, југоисточно од Прилеп има појава на невреме со поинтензивни процеси, велат од УХМР.

До крајот на денот, на повеќе места ќе се задржи нестабилно време. Ќе биде облачно со поројни врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер, а на места се очекува да има и појава на град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...