Снежен бран и ниски температури деновиве во Македонија

Портокалов аларм за поголемиот дел од земјава е активиран за утре, вклучувајќи ги источниот и западниот дел на Македонија. Во Скопскиот регион е вклучен жолт аларм, вклучувајќи ја и можноста за врнежи од снег

-

Драстично намалување на температурите, силен северен ветер, обилни врнежи од дожд и снег се најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), почнувајќи од утрешниот ден. Портокалов аларм за поголемиот дел од земјава е активиран за утре, вклучувајќи ги источниот и западниот дел на Македонија. Во Скопскиот регион е вклучен жолт аларм, вклучувајќи ја и можноста за врнежи од снег.

„Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70 км/час), а температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица“, гласи денешното предупредување на УХМР.

Во Скопје утре времето ќе биде облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината.

Особено ниски температури од под минус 10 целзиусови степени се очекуваат во ноќните часови во понеделник, кога низ целата земја температурите на воздухот ноќта ќе паднат под нула степени. Врнежи од дожд и снег се очекуваат и во текот на наредната недела, во вторник.

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од Мелони, се...

(ВИДЕО) Автомобил удри студентка на блокадите во Белград, возачот е осомничен за тешко убиство во обид

Дваесетгодишна девојка добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил за време на студентските блокади на улицата „Рузвелтова“ во Белград, Србија, објави Н1, повикувајќи се на извори од белградската служба за...

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Од детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во...

Компанијата Нинтендо ја најави конзолата „Switch 2“ која ќе пристигне оваа година

Денот конечно пристигна, бидејќи Nintendo официјално го најави излегувањето на Nintendo Switch 2, најлошо чуваната тајна во видео игрите, пренесува Инсајдер Гејминг. Во кратко двоиминутно видео на интернет, Nintendo потврди целосен дизајн...

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од...