fbpx
Таг: шумски пожар

таг: шумски пожар

ЦУК: Утрово изгаснат пожар што можеше да зафати поголема површина со квалитетна шума

Вкупно 33 пожари на отворен простор имало во текот на вчерашниот ден, од кои утрово активни биле уште пет, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од петте активни пожари изгаснат бил еден шумски за кој постоела опасност дека ќе зафати поголема површина со квалитетна шума. Станува збор за пожар во атарот на селото Бигла во Делчево, кој започнал синоќа...

Пожар меѓу Богомила и Прилеп ги „закочи“ возовите, патниците оставени сами на себе

Поради шумски пожар помеѓу селото Богомила и Прилеп, возовите од Скопје за Битола и од Битола за Скопје стојат во место, а бидејќи „Македонски Железници - Транспорт“ нема обезбедено алтернативен автобуски превоз, патниците се принудени да чекаат или сами да се снаоѓаат за да стигнат на своето одредиште, На битолската Железничка станица десетина патници што требаше да тргнат за Скопје...

Пост на Фејсбук манипулира дека со дрон намерно се палеле шуми

Станува збор за хеликоптери кои се користат за да се стопира понатамошното ширење на шумски пожар, односно за контролирано палење, при што се прави обрач околу огнот за да се спречи да има материјал што понатаму би се разгорувал, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Пост на социјалната мрежа Фејсбук споделува видео за кое се тврди...

Пожарот над железничката станица „Рајко Жинзифов“ уште се шири

И претпладнево траат борбите на пожарникарите со големиот шумски пожар што вчера изби над железничката станица „Рајко Жинзифов" во близина на Велес. Пожарот бил пријавен во 13:10 часот во Територијалната противпожарна единица во градот од каде со осум пожарникари со две возила веднаш се вклучија во неговото гаснење. Пожарникарите на терен беа синоќа до 22 часот. Утрово во неговото гаснење...

Вистиномер: Фотографијата од мајката птица што изгоре е од Иран, а не од Пехчево

Фотографијата што се споделува во оваа објава на Фејсбук е вистинита и веродостојна, но таа не е снимена во Пехчево. Таа е стара повеќе од една година и често пати е пренесувана во контекст на пожари што се случувале во различни земји, ама оригинално е фотографирана во Иран во средината на 2020 година, пишува „Вистиномер“ во анализата на Фејсбук-пост.   Рецензираме...

Ангелов: Спречено ширењето на пожарот над селото Будинарци

Ширењето на големиот шумски пожар над малешевското село Будинарци е спречено со предизвикување контра-пожар, рече претпладнево на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој рече дека на борбата со огнената стихија кај ова место ангажирани се повеќе од 500 лица, од кои 136 пожарникари од Австрија со 52 возила, 45 пожарникари од Словенија со...

Приведен дебарчанец осомничен за подметнување шумски пожар

СВР Охрид соопшти дека вчера околу 18.30 часот, во Одделение за внатрешни работи Дебар е приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола од полициски службеници, во соработка со Противпожарната единица и припадници на Шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово. Патролата веднаш почнала да го гаснале пожарот, со кој биле зафатени...

Најкритична состојбата со пожарите е во Пехчевско и кај Македонски Брод

Шумските пожари по тромесечната суша во земјава се закануваат да уништат уште дрвја и друга вегетација, а напорите да се изгаснат најголемите жаришта уште не вродија плод. Во локализирања и гасење на шумските пожари се ангажирани пожарникарите, доброволци, војници, но и пет хеликоптери, од кои три дојдени на испомош од Србија. Од Бугарија стигнаа 25 пожарникари со 5 возила, што...

Хеликоптери на Армијата го гасат пожарот над Пасјак, граничниот премин „Богородица“ по пожарот повторно во функција

Со хеликоптери од АРСМ од утрово се гаси пожарот на најкритичната точка над Пасјак во село Нов Истевник во Делчевско. Воздушната поддршка во гаснењето на големиот пожар, кој е активен 48 часа на планината Средна. „Активно во гаснењето на пожарот се вклучени 90 припадници на АРСМ, припадници на Граничната полиција, просторните сили на Општина Делчево заедно со екипи на ЈКП...

Пожари беснеат низ земјава, од утрово целосна забрана за движење во шумите

Од утрово во земјава стапи на сила целосната забрана за движење во шумските предели, а Владата апелираше до граѓаните да не се движат низ шумските предели заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите. Пожарот во Кочанско којшто беснееше вчера вечерта е локализиран и ставен под контрола. Пожарот и понатаму е активен во близина на селото...

Пендаровски: Издадов наредба армијата да интервенира во гаснењето на пожарите

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го информирал претседателот Стево Пендаровски за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево, соопштија од кабинетот на шефот на државата. „Претседателот Пендаровски, како Врховен командант, во 16:30 часот издаде наредба за ангажман на Армијата со целосен капацитет. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска...

Ситуацијата со пожарот над Кочани сè уште тешка

Голем број граѓани на Кочани излегоа да помогнат во гаснењето на пожарите кои избувнаа попладнево над градот и веќе зафатија 2-3 куќи на периферијата на градот, дозна „Мета“. „Се надеваме дека до сабајле пожарот ќе биде изгаснат, но ситуацијата е навистина тешка“, вели соговорникот на „Мета“ кој заедно со други сограѓани им помагаат на пожарникарите. Попладнево избувнаа два пожара во ридскиот...

Голем пожар во Грција, евакуирани се населени места, ангажирани се авиони и хеликоптери

Големиот шумски пожар што изби во среда во грчката област Коринт повторно се распламте утрово, а досега се уништени 55 квадратни километри во оваа област на полуостровот Атика. Досега се евакуирани шест села и два манастира, а има изгорени куќи. Во гаснењето на пожарот кој дивее на околу 80 километри западно од главниот град Атина се ангажирани авиони, хеликоптери и голем...

Изгаснат шумскиот пожар кој вчера изби во Галичник

Месната заедница на Галичник изутринава на социјалните мрежи соопшти дека противпожарните екипи со помош на припадниците на Армијата, успеале во текот на вечерните часови да ги изгаснат сите жаришта од пожарот во Галичник. „Во текот на вечерните часови, единиците на противпожарната служба заедно со специјалната единица Волци на АРМ ги згаснаа и последните остатоци од пожарот. Војниците овде ја поминаа...

Поради силниот ветер хеликоптерот на АРМ не може да го гасне пожарот кај Галичник

Хеликоптерот на АРМ кој на барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше испратен да го гасне шумскиот пожар над Галичник стигнал на местото, но не може да дејствува поради силниот ветер, извести ЦУК. Сепак, хеликоптерот е опремен со ведро за гаснење пожари и екипажот е подготвен да полета штом се создадат услови, додека има дневна светлина. Шумскиот пожар заради...

Шумски пожар над Галичник, Армијата ќе дејствува со хеликоптер за заштита на селото

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по добиената информација за голем пожар над селото Галичник околу 13.30 часот, започнал координација со регионалните центри и локалната самоуправа, па заради непристапноста на теренот ја известил и АРМ, којашто ќе дејствува со еден хеликотер со ведро за гаснење за пожарот и заштита на Галичник. Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС),...

Полицијата го откри тинејџерот што предизвика пожар кај Мојанци и објави видео на ТикТок од потпалувањето

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство - Скопје ќе поднесе писмено известување за 17-годишниот малолетник од скопското село Мојанци поради предизвикување на пожарот на нискостеблеста шума и вегетација во близина на селото. Тој на 4 август на социјалната мрежа ТикТок објави видео како го потпалува пожарот. Фотографиите и видеата биле споделени на повеќе социјални мрежи,...

Дезинформации поврзани со неодамнешните пожари во земјата и светот

Иако пожарите се трагични настани, сепак, креаторите на лажни вести не ја пропуштија можноста и од вакви несреќи да извлечат корист, пишува „КриТинк.мк“ во анализата „Топ-7 дезинформации за неодамнешните пожари во земјава и светот“. Ова лето се случија два огромни пожара во светот, гореше Сибир и гореше шумата во Амазон, а во Македонија гореше во Велес и Катланово. Паралелно со...

Ставен е под контрола пожарот на Осоговските Планини

Во текот на вечерта и ноќта се гаснеше пожарот на Осоговските Планини, што се закануваше да ги зафати околните села и туристичкиот центар Пониква кај Кочани. Непрекинато во текот на ноќта интервенираа Противпожарните единици на Кочани, Виница, Македонска Каменица и Штип, механизација на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, служби од Полицијата и Македонски шуми од Скопје. „Пожарот што избувна вчера попладне...

Воведена забрана за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на Ј.П. „Национални шуми“ воведе делумна забрана за движење во шумите со кои стопанисува оваа претпријатие. Забраната за движење стапи на сила денеска и ќе трае сè до нејзиното отповикување. Одлуката е донесена за да се спречи опасноста од појава на пожари. Забраната не важи за вработените во Ј.П. Национални шуми и за...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...