fbpx
Таг: Полска

таг: Полска

Рускиот наратив дека Полска планира да ја анектира западна Украина стигна и во С. Македонија

Освен тврдења на измислен автор објавени на полскиот  веб-портал Niezależny Dziennik Polityczny со про-Кремљ ставови и кој шири лажни вести, нема апсолутно никаков друг доказ, официјален став или каква било поткрепа на тврдењето на наводните намери на Полска да анектира дел од Украина. Според сите наведени информации, оваа објава дезинформира и е дел од пошироката руска пропаганда поврзана со...

Полски научници развија батерија за телефон што се полни за осум минути и трае 68 години

Полски научници од компанијата The Batteries, кои бараат алтернатива на традиционалните литиум-јонски батерии кои доминираа на пазарот во последните 25 години, создадоа нов батерија за телефон која се полни од 0 до 100 проценти за само осум минути. Она што е уште поинтересно е што според нив, батеријата ќе трае 68 години, пренесе полскиот онлајн медиум The First News. Водени...

„Ударите по џебот“ од ЕУ за Полска и Унгарија – колку се ефективни?

Полска Во јуни оваа година, Полска побара од Европската комисија да ги одмрзне средствата  од Фондот за обнова и отпорност во висина од 34 милијарди евра. Комисијата не ѝ ги префрла овие средства на Полска поради утврдените прекршувања на Регулативата (од 2020 година) со која се воведе условеност на владеење на правото за фондовите на ЕУ. Полска е нето-примател од...

Тенденциозно се обвинува Украина дека сака да предизвика трета светска војна

Во постот што го рецензираме односно во насловот на текстот што е споделен, а кој се повикува на агенцијата Ројтерс, се пропушта контекстот кога се вели дека „Украина на секој начин се обидува да почне трета светска војна“. Во оригиналниот напис на Ројтерс каде е пренесена изјавата на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј...

Не е точно дека Полјаците гинат за Украина, а таа намерно ја гранатирала Полска

Информации дека Полска наводно се подготвува да се вклучи во воениот конфликт во Украина имаше и во мај годинава, но проверките на Euronews и други независни проверувачи на факти покажаа дека таквите тврдења се лажни. Последна информации говорат дека Полска, заедно со Германија, ќе обучуваат украински војници во новата мисија на ЕУ. Што се однесува до тврдењето во постот...

Што се знае 24 часа после паѓањето на ракета(и) во полското погранично село со Украина?

Единствени сигурно утврдени факти до пладне на 16.11.2022 се дека во полско погранично село со Украина паднала една или две ракети, при што загинале две лица и дека пректилот/те биле од руско производство, но дека не може да се потврди од каде се истрелани, иако последната изјава на американскиот претседател е дека ракетата била истрелана од украинската противвоздушна одбрана,...

Столтенберг и полските власти се сомневаат дека ракетите во Полска биле истрелани од Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска одржа прес-конференција по вчерашниот инцидент во Полска, во кој животот го загубија две лица. Столтенберг изјави дека нема индиции оти истреланиот проектил бил намерен напад од Русија или дека Русија подготвува воена акција против НАТО алијансата, пишува Би-би-си. Столтенберг додаде дека експлозијата во Полска најверојатно била предизвикана од украинската воздушна одбрана, но истрагата...

Бајден: Малку е веројатно проектилот што падна во Полска да е истрелан од Русија

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека мала е веројатноста проектилот што експлодираше на територијата на Полска да е истрелан од Русија, јавува Асошиејтед прес. Русија вчера со ракети повторно ја нападна Украина, но еден проектил заврши во полското село Пржеводов и уби две лица. Полска е земја-членка на НАТО. „Малку е веројатно во линиите на траекторијата дека е истрелан...

Грција, Унгарија, Кипар, Полска и Шпанија нашироко го користеле софтверот за шпиoнирање Пегасус

Високата европратеничка што ја води истрагата за шпионскиот софтвер Пегасус, Софи Инт Велд ја обвини Европската комисија дека ја игнорирала „сериозната закана за демократијата“ што ја претставува употребата на технологијата, додека за националните влади рече дека не соработувале во истрагата, јавува „Гардијан“. Холандската либерална европратеничка рече дека постоела нелегална употреба на Пегасус во Грција, Унгарија, Полска и Шпанија, како и...

СајберСкуп: Белоруската кампања на дезинформации ја распространуваат и „хактивисти“

Дезинформациската кампања ГоустРајтер (GhostWriter), поврзана со белоруската влада во средината на јуни се обидела да протурка гласина дека мажите-бегалци од Украина што се во Полска ќе бидат идентификувани и депортирани во Украина за служење воен рок, користејќи за дезинформативната кампања монтирана „владина кореспонденција“, соопшти вчера фирмата за кибер-безбедност „Мандиант“, пренесува „Сајберскуп“. Две хактивистички („хактивисти“ се политички или социјални активисти кои...

Вистиномер: Шпекулација е дека Полска ќе испраќа војници во Украина

Како извор на оваа информација се користи објава на Телеграм што ја напишал рускиот воен известувач Семјон Пегов на својот канал. Но, полскиот претседател Анджеј Дуда во неколку наврати изјави дека Полска не планира да испрати војници во Украина односно дека „полските војници нема да одат во Украина да се борат“. Дуда ја даде оваа изјава на почетокот на...

„Девојчето во црвеното палто“ од „Шиндлеровата листа“ сега им помага на украинските бегалци

Жената која го глумеше „девојчето во црвено палто“ во филмот на Стивен Спилберг „Шиндлеровата листа“ сега им помага на украинските бегалци на полската граница, објави полскиот портал The first News. Оливија Дабровска, која се прослави на тригодишна возраст откако се појави во легендарниот филм на оскаровецот во 1993 година, напиша на Инстаграм дека води група волонтери кои обезбедуваат помош за...

Судот пресуди: ЕУ може да им крати средства на Унгарија и Полска ако го кршат владеењето на правото

Европскиот суд на правдата ги отфрли жалбите на Унгарија и Полска кон правото на ЕУ да им ги скрати средствата на земјите-членки коишто ги кршат владеењето на правото и демократските стандарди, јавува Би-Би-Си. Станува збор за милијарди евра од европските фондови, коишто им се достапни на Унгарија и Полска, а за кои судот пресуди дека самата Европска Унија има овластувања...

Модна дизајнерка со школо за шиење помага во решавањето на проблемот со менструалната сиромаштија

Модна дизајнерка наградена со „откритие на годината“ од Форбс за нејзиниот образовен проект кој учи жени кои не можат да си дозволат образование за шиење и дизајн, го насочи својот фокус да помогне во борбата против менструалната сиромаштија. Маја Котала која потекнува од полскиот град Хорзов, го основаше дизајнерското училиште „Заедно шиеме“ во 2018 година, прво во Уганда, а потоа...

Мигрантската криза на границата со Полска ескалира, Советот за безбедност на ОН ќе одржи седница

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ќе одржи седница, на која Естонија, Франција и Ирска планираат да го покренат прашањето за состојбата со мигрантите што се заглавени на границата меѓу Полска и Белорусија. Стотици мигранти се наоѓаат на самата гранична линија, при што Полска се обидува да го спречи влезот на овие лица на нејзина територија. Генералниот секретар на...

„Polexit“ од правото на ЕУ – загрозување на јадрото на ЕУ

Принципот на првенство (сумпремација) на правото на ЕУ е една од најважните лекции на оние што ја изучувааат интеграцијата на ЕУ. Востановен уште далечните 60-ти години преку судската практика на Судот на правдата на ЕУ (СПЕУ), овој принцип кажува дека правото на ЕУ има првенство пред националното право на државите членки. Оттаму, одлуките на СПЕУ се обврзни за националните...

Денеска во МКЦ „Да зборуваме за Лем“ по повод стогодишнината од раѓањето на Станислав Лем

Настан во чест на полскиот писател на научна фантастика, сатиричар и футуролог Станислав Лем ќе се одржи денес од 17 часот во Младинскиот културен центар во Скопје, како дел од фестивалот на европска литература „Букстар 2021“ (BookStar 2021). На настанот „Да зборуваме за Лем“, организиран од издавачката куќа „Антолог“ по повод стогодишнината од неговото раѓање, ќе учествува белорускиот писател Виктор...

Недостатокот на владеење на правото во рамките на ЕУ го кочи нејзиното проширување со земјите кандидати

Во Вториот извештај на Европската Комисија за владеење на правото во ЕУ, објавен пред повеќе од една недела, беа упатени бројни критики во врска со владеењето на правото во некои од нејзините членки. Од оваа гледна точка, експертите кои говореа за Порталб.мк, се поделени дали ваквите вознемирувачки извештаи може да влијаат на проширувањето на ЕУ, и со оглед на...

Османи-Рау: Полска смета дека Северна Македонија заслужува да отпочне преговори со ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на работна посета на Република Полска се сретна со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Збигњев Рау. Посетата се случува во пресрет на јунскиот самит, во контекст на засилениот ангажман за официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ, како стратешка цел на земјата и императив за целиот регион, соопшти македонското МНР. Во...

Полскиот удел во балканското културно наследство: Северна Македонија – онлајн дискусија

Два полски универзитети организираат јавна дебата на интернет за заедничкото културно наследството на Полска и Северна Македонија, како и за културните и идентитетски димензии на тековниот контекст на проширување на ЕУ кон Западниот Балкан и улогата на Полска во процесот. Настанот ќе се одржи на 18. декември во 16:00 часот во живо на Фејсбук, при што ќе биде презентиран извештајот...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...