fbpx

СајберСкуп: Белоруската кампања на дезинформации ја распространуваат и „хактивисти“

-

Дезинформациската кампања ГоустРајтер (GhostWriter), поврзана со белоруската влада во средината на јуни се обидела да протурка гласина дека мажите-бегалци од Украина што се во Полска ќе бидат идентификувани и депортирани во Украина за служење воен рок, користејќи за дезинформативната кампања монтирана „владина кореспонденција“, соопшти вчера фирмата за кибер-безбедност „Мандиант“, пренесува „Сајберскуп“.

Две хактивистички („хактивисти“ се политички или социјални активисти кои за своите цели користат дигитални алатки и/или хакирање) „персони“ дополнително ја поддржале пораката, се вели во извештајот на „Мандиант“, во кој сепак нема докази што ги поврзуваат идентитетите со ГоустРајтер или пак докази што би сугерирале кој всушност стои зад персоните.

„Иако го припишавме ГоустРајтер на Белорусија, секогаш бевме високо свесни дека тие не оперираат во вакуум и не ја исклучивме можност дека оваа активност вклучува соработници во Русија. Сѐ повеќе гледаме координација и други активности на соработка помеѓу актерите што извршуваат информациски операции, што може да бидат случајни, но исто така може да разоткријат организација што е невидлива за нас“, вели Џон Хултквист, потпретседател за анализи на прибрани податоци во „Мандиант“.

„Берегини“, проруска хактивистичка група поставила документ на својот канал на Телеграм на 16 јуни којшто тврди дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба започнал процес со полските власти за враќање на мажите-бегалци во Украина за да бидат испратени на фронтот. Постот вклучувал и лажен документ испратен од украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников до Кулеба, во кој се сумира ситуацијата.

Под документот групата објавила порака дека украинските бегалци „имаат неверојатна шанса да се вратат дома набргу, и повеќе не во женска облека и без мито за граничарите“.

„Можно е Полска да е подготвена да изврши незамисливи кршења на меѓународното право, бидејќи има свои гледања за западните територии на Украина“, се вели во постот.

Следниот ден, на 17 јуни, друга прорурска хактивистичка персона, JokerDPR, објавил порака на својот канал на „Телеграм“ во која тврди дека дошол до документ кој докажува дека Кулеба бара од полските власти да асистираат во депортацијата на мажите-бегалци од Украина.

„Моите хакери пресретнаа интересен документ“, се вели во пораката на каналот кој има речиси 97.000 претплатници, и која тврди оти документот докажува дека мажите-бегалци од Украина на возраст од 18 до 60 години ќе бидат испратени „на фронтот“.

„Судејќи според одлуките на кловнот и неговиот тим, најбезбедното место за Украинец на возраст од 18 до 60 години наскоро ќе биде во затвор во ДНР. Аха-ха-ха-ха-ха-ха-ха-ха…“ гласи пораката.

ДНР е кратенка за „Донецка Народна Република“, односно еден од украинските источни региони окупирани од Русите.

Истиот ден, претходно „заспан“ профил на социјалните медиуми што му припаѓа на полски политичар од среден ранг објавил слики што прикажуваат неколку парчиња наводна официјална кореспонденција во која се разработуваат детали за плановите и наведуваат дека операцијата ќе почне на 27 јуни.

Профилот JokerDPR потоа промовирал исечоци од постот на политичарот на социјалните медиуми како потврда за заговорот.

На 20 јуни, велат истражувачите што го подготвиле извештајот, полска владина агенција објави соопштение во кое прогласува барем едно од писмата за лажно. Агенцијата исто така вели дека лажното писмо било распространето преку непознат број електронски писма, но не сподели дополнителна информација.

„Ве известуваме дека ова писмо е фалсификувано и самата информација е пример на лажни вести и обид за дезинформирање“, се вели во соопштението.

Низа руски медуми го пренесоа овој наратив како факт, но нема знаци дека тие медиуми се дел од главната операција, забележуваат истражувачите од „Мандиант“.

„Сепак, нагласуваме оти ова сугерира дека наративот е важен за руската публика, што е индикација дека барем делумно е креиран за да влијае на руската публика“, велат истражувачите.

Во ноември минатата година, „Мандиан“ ги објави своите наоди со коишто ја идентификува кампањата ГоустРајтер како дело на белоруската влада, која е тесно поврзана со Русија. ГоустРајтер се одвива во регионот и по почетокот на руската инвазија врз Украина, и ги напаѓа владите на НАТО членките и фунционерите што се задолжени за логистиката околу мигрантите.

Во мај „Мандиант“ објави наоди со коишто раскринка лажен наратив како дел од ГоустРајтер, дека наводно полски криминалци вадат органи од украински бегалци и илегално ги продаваат низ ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...