fbpx

Не е точно дека Полјаците гинат за Украина, а таа намерно ја гранатирала Полска

-

Информации дека Полска наводно се подготвува да се вклучи во воениот конфликт во Украина имаше и во мај годинава, но проверките на Euronews и други независни проверувачи на факти покажаа дека таквите тврдења се лажни. Последна информации говорат дека Полска, заедно со Германија, ќе обучуваат украински војници во новата мисија на ЕУ. Што се однесува до тврдењето во постот дека „Украинците ја лупаат Полска со гранати“ и тоа не е точно. Вака искажан ставот делува како Украина намерно да фрла ракети на полска територија, што не е вистина. Неодамна се случи инцидент кога граната падна врз фарма во Полска и усмрти две лица. Иако првичните информации беа дека станува збор за руска граната, сепак подоцна се утврди дека е проектил на противвоздушната одбрана на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук шири дезинформации во врска со војната во Украина и инцидентот кога ракета падна врз фарма во Полска и усмрти две лица.

Пољациве се тепаат, гинат за Украина, а Украинциве ја лупаат Полска со гранати ?!?, се вели во објавата којашто ја анализираме.

Прво, неточно е тврдењето дека „Полјаци се тепаат и гинат за Украина“. Информации дека Полска наводно се подготвува да се вклучи во воениот конфликт во Украина имаше и во мај годинава. Но, истражувањата на Euronews и други независни проверувачи на факти открија дека таквите тврдења се лажни.

Полска ги предводеше повиците до ЕУ да ги заостри санкциите кон Русија и НАТО Алијансата да ја вооружи Украина за време на војната.

Додека Полска му обезбеди воена помош на својот сосед, таа не изрази никакви планови за испраќање војници на украинска територија.

Генералната команда на полските вооружени сили изјави дека секоја наводна наредба за преместување војници била „фалсификувана“, напиша Euronews.

Полските владини претставници тогаш изјавија  дека Москва и про-Кремљ корисниците на социјалните мрежи вршат информативни напади против земјата, пренесе. Euronews.

Последна информација поврзана со Полска и војната во Украина е онаа од 15.11.2022 гпдина дека Полска, заедно со Германија, ќе обучуваат украински војници во новата мисија на ЕУ.

Украинските војници ќе бидат обучени во Полска и Германија како дел од новата иницијатива на Европската унија за подобрување на воените капацитети на Украина со цел да и помогне да го одбрани нејзиниот територијален интегритет и да ги заштити цивилите по руската инвазија.

До 15.000 украински војници се очекува првично да бидат обучени како дел од Мисијата на ЕУ за воена помош (ЕУМАМ), која доби прелиминарно одобрение во октомври и официјално доби зелено светло од министрите за надворешни работи на блокот, објави Notesfrompoland.

Што се однесува до тврдењето во постот дека „Украинците ја лупаат Полска со гранати“ и тоа не е точно. Вака искажан ставот делува како Украина намерно да фрла ракети на полска територија,  што не е вистина. Имено, неодамна се случи инцидент кога граната падна врз фарма во Полска и усмрти две лица. Иако првичните информации беа дека станува збор за руска граната, сепак подоцна се утврди дека тоа е украинска ракета на противвоздушната одбрана. Оваа информација ја потврдија САД, НАТО и Полска.

Американскиот претседател Џо Бајден на итно свиканиот состанок на лидерите на државите и влади членки на НАТО и Г7, кои присуствуваа на самиот Г20 на Бали, изјави дека станува збор за проектил од украинскиот противвоздушен систем С-300. Кусо пред тоа, Бајден рече дека со оглед на траекторијата на ракетата „малку е веројатно“ дека таа е испукана од Русија, пренесе Дојче веле.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека ракетата која експлодираше во Полска била истрелана од Украина. Според Алијансата, крајната одговорност е кај Русија поради, како што рече Столтенберг, незаконската војна што ја води против соседната земја.

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, изјави дека нема никакви знаци за намерен напад врз неговата држава.

Ракетата која падна на наша територија веројатно беше несреќен случај. Најверојатно, станува збор за ракета од руско производство, но сето тоа сè уште е под истрага. Заштитата и безбедноста на Полска е зајакната. Нема индикации дека повторно ќе се случат настани од ваков тип, изјави Дуда.

Од сето ова можеме да заклучиме дека Полска нема свои војници кои се борат во војната во Украина, односно Полјаците не гинат за Украина, како што се тврди во постот. Исто така, неточно е дека Украина намерно истрелала гранати на полска територија. Според тоа, постот што го рецензираме го оценуввваме како невистинит.

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...