fbpx

Мигрантската криза на границата со Полска ескалира, Советот за безбедност на ОН ќе одржи седница

-

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) ќе одржи седница, на која Естонија, Франција и Ирска планираат да го покренат прашањето за состојбата со мигрантите што се заглавени на границата меѓу Полска и Белорусија. Стотици мигранти се наоѓаат на самата гранична линија, при што Полска се обидува да го спречи влезот на овие лица на нејзина територија.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш смета дека ситуацијата со мигрантите на полско-белоруската граница треба да се реши врз основа на меѓународното право и не треба да стане извор на тензии меѓу земјите. Ова беше изјавено на брифингот со новинарите од страна на официјалниот претставник на генералниот секретар Стефан Дужарик.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен го опиша напливот на бегалци од Белорусија во Полска како хибриден напад од авторитарен режим. Таа се закани дека ќе има санкции за оние држави кои го помагаат режимот на Александар Лукашенко за да ѝ нанесат штета на ЕУ, пишува Јуроњуз.

Високиот комесар за бегалци на ОН, Мишел Башелет ја критикуваше состојбата во која се наоѓаат мигрантите на ниски температури, барајќи под итно да им се обезбеди пристап до хуманитарна помош.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Белорусија за државен тероризам поради нејзината улога во доведувањето на мигрантите до самата гранична линија. Тој го обвини и рускиот претседател Путин за оркестрирање на приливот на мигрантите на полско-белоруската граница.

Полската полиција соопшти дека само за 24 часа спречила речиси 600 обиди за нелегален премин на границата од мигранти. Притоа, девет лица биле задржани, и тоа пет државјани на Либан, три на Ирак и еден на Сирија. На 48 дополнителни лица им е наредено да ја напуштат територијата на Полска.

Во меѓувреме, Литванија прогласи вонредна состојба во земјата, бидејќи на нејзината граница со Белорусија само во текот на вторникот бил спречен влез на минимум 170 мигранти. Преземените мерки вклучуваат забрана за движење на возила и влез во пограничната зона широка пет километри, освен за локалното население.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...