fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

МВР за гранатирањето на Владата: Оружјето познато, коминикеата неважни

Пет дена по гранатирањето на владината зграда на Илинденска број 2, Иво Котевски, помошникот министер за внатрешни работи, ни потврди дека стручните тимови на МВР го утврдиле типот на оружјето со кое било стрелано, но за што точно станува збор не сакаше да открие, како и тоа дали се работи за истото оружје со кое беше гранатиран објектот на...

Аферата околу местењето на „Скопје-фест“ заглави во Обвинителството

За скандалот со местењето на телефонското гласање на фестивалот „Скопје 2014“, што се случи во ноември минатата година, на кој се избира наш претставник за песна за „Евровизија“, јавниот обвинител што го води случајот, најверојатно ќе бара нови шест месеци за финализирање. Законскиот рок до кога треба да биде завршена истрагата истекува за еден месец, а од Обвинителството за „Мета“ велат...

Изречени дисциплински мерки за 10 полицајци

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 10 решенија против 10 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, во согласност со одредбите од член 206, став 1, точки 1, 2, 3 и 4 и член 207, став 1, точки 4 и 8 од Колективниот договор на МВР. Притоа, шест вработени се казнети парично,...

Двајца скопјани осомничени за серија кражби

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривични пријави против Н.С. (21) и С.Д. (19), двајцата од Скопје, осомничени дека од јануари од март оваа година, извршиле серија кражби на подрачјата на општините Центар, Карпош и Чаир. Според полицијата, тие се товарат за три тешки кражби и за една кражба, во кои однеле плен од околу 200.000 денари. Судија на...

Дисциплински решенија за 42 вработени во МВР

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 42 решенија против 42 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, во согласност со одредбите од член 206, став 1 точки 1, 2, 3, 4, 6 и 7 и член 207, став 1 и точки 4, 8 и 15 од Колективниот договор на МВР. На...

Алфите изминатиот месец уапсиле 221 лице

Во текот на минатиот месец, припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ извршиле легитимирање на 1.428 лица, прегледале 18 автомобили, а по разни основи биле приведени вкупно 221 лице, информираат од МВР. По основа на телеграма биле приведени 38 лица, поради потраги, гласник, наредба од основен суд – пет лица, под сомнение за извршено кривично дело – 19...

Маж од Македонски Брод силувал малолетничка

Полициската станица Македонски Брод поднесе кривична пријава против И.М.(41) поради постоење основи за сомневање дека силувал малолетничка, соопштуваат од МВР. „И.М. на 31 март 2015 година, со измама и со употреба на физичка сила, однел малолетничка во Пласница и во периодот од 23 часот на 31 март 2015 година до утринските часови на 1 април 2015 година, по пат на употреба на сила и на закана,...

При претрес во куќа во Рашче, пронајдени оружје, муниција и дрога

Полициски екипи, по обезбедена судска наредба, а врз основа на информации за сторени повеќе кривични дела, денеска извршиле претрес во домот на Б.К. (46) во скопското село Рашче, каде пронашле неколку парчиња оружје, муниција, пакувања со дрога и други предмети, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка од непозната марка,...

СДСМ: Никаква закана нема да го спречи објавувањето на доказите за “Вистината за Македонија“

„Министерството за внатрешни работи, обидувајќи се да го извлече братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков, од милионскиот корупцискиот скандал поврзан со набавка на опрема за прислушување, сè подлабоко се заплеткува и станува соучесник во реализираниот криминал“, се наведува во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение од МВР, во кое оттаму информираат дека Министерството работи на нова кривична пријава против...

Сите наши безбедносни бизниси со Израел

Каква опрема набавило МВР од Израел во 2011 година, а за која стана збор во аудиоснимките што ги објави лидерот на опозцијата, Зоран Заев? Oсвен тврдењата од едната и од другата страна, за тоа нема никаков официјален документ кој би потврдил за што точно се работи. Зоран Заев и СДСМ остануваат на тврдењето дека станува збор за набавка на опрема...

МВР: Заев откри највисока државна тајна

Денешната конструкција на четвртоосомничениот во аферата „Пуч“, Зоран Заев, ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и останатите инволвирани во случајот е рушење на институциите и на безбедносниот систем на Република Македонија, стои во реакцијата на Министерството за внатрешни работи по прес-конференцијата на лидерот на СДСМ. МВР наведува дека осомничените за аферата „Пуч“ очекуваат ослабување на капацитетите и...

Скопјанец фатен додека превезувал 12 илегални мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривичнапријава против Б.Д. (57) од Скопје, кој вчера на патниот правец Гевгелија - Скопје бил фатен како со комби превезува 12 илегални мигранти со потекло од Авганистан, информира МВР. Според полицијата, скопјанецот се товари за нелегален транспорт на мигранти, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Авганистанските државјани се сместени...

Зголемувањето на платите во МВР ќе чини четири милиони евра

Повеќе од 10.000 вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе бидат опфатени со мерката за усогласување на платите на полициските службеници и на овластените службени лица со тие на службениците во Царинската управа, информира денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за мерката што во неделата, на народниот собир во Штип, ја најави премиерот Никола Груевски. - Во соработка со Македонскиот полициски...

Полициски синдикат: Зголемувањето на платите и „бомбите“ се коинциденција

Полицискиот синдикат и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, утре во 11 часот ќе имаат заедничка прес-конференција на која ќе ги изнесат деталите од мерката за зголемување на платите на униформираните и овластени службеници на МВР, што вчера на собирот на ВМРО-ДПМНЕ во Штип ја најави премиерот Никола Груевски. Ова за „Мета“ го потврди претседателот на Полицискиот синдикат, Тихомир Климовски,...

Полицијата осомничи деветмина за шверц на мигранти

Во изминатите неколку дена, полицијата во седум одвоени случаи открила деветмина македонски државјани, осомничени за шверц на илегални мигранти, соопшти МВР. Против сите деветмина биле поднесени кривични пријави за илегален транспорт на мигранти, а судија на претходна постапка на седум од нив им одредил мерка притвор од осум, односно 30 дена. При реализацијата на случаите, полицијата затекнала вкупно 43 илегални мигранти, од...

Скопјанец осомничен за упад во веб-страницата „Експлоринг Маседониа“

Четириесет и четиригодишен скопајнец бил осомничен дека неовластено упаднал во компјутерскиот систем на компанијата „Некстсенс“, преку кој била уредувана интернет-страницата „Експлоринг Маседониа“ (exploringmacedonia.com), соопшти МВР. Секеторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, против осомничениот А.Т. (44) поднел пријава за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. Според МВР, во серверската единица на компанијата, нелегално упаднал во јуни минатата година и извршил промена на официјалната...

МВР казни 48 полицајци

Министерството за внатрешни работи минатата недела казни 48 вработени поради сторени повреди во работењето. Како што стои во соопштението од МВР, по претходно спроведена дисциплинска постапка, донесени се решенија против 48 вработени. На 43 вработени им е изречена парична казна, додека за пет вработени изречена е мерка за запирање на постапката.

Откриен нелегален мобилен оператор во стан во Гостивар

Министерството за внатрешни работи во Гостивар откри стан кој практично бил претворен во нелегален мобилен оператор, преку кој бил реализиран меѓународен мобилен сообраќај на црно. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, ја реализирал криминалистичката обработка „СИМ-бокс“, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на СИМ-картички и незаконско детерминирање на...

Јанкулоска не го апси Заев оти таква била процената

Секој случај е сам по себе посебен и е единствен по своите карактеристики и ние правиме процени и анализа во однос на конкретната ситуација, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како одговор на новинарско прашање зошто МВР не го аспи лидерот на опозцијата, Зоран Заев, иако против него се поднесени две кривични пријави, од кои една вчера...

Во полициска акција запленети повеќе од 100 килограми марихуана

Во полициска акција, екипи на МВР заплениле повеќе од 100 килограми марихуана, пренесуваат медиумите. Од МВР ја потврдиле информацијата, а повеќе детали за акцијата ќе бидат соопштени на прес-конференција, закажана за денеска во 12 часот.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...