fbpx

Откриен нелегален мобилен оператор во стан во Гостивар

-

Министерството за внатрешни работи во Гостивар откри стан кој практично бил претворен во нелегален мобилен оператор, преку кој бил реализиран меѓународен мобилен сообраќај на црно.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, ја реализирал криминалистичката обработка „СИМ-бокс“, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на СИМ-картички и незаконско детерминирање на меѓународен мобилен телефонски сообраќај.

На територијата на град Гостивар, по претходно обезбедена судска наредба од судија во претходна постапка, бил извршен претрес на дом и на помошни простории во сопственост на 42-годишно лице од Гостивар, кое во моментот не било присутно. Од извршениот претрес, пронајдена е и одземена софистицирана техничка опрема која се користела за нелегална интерконекција за мобилен (GSM) сообраќај кон голем број странски држави.

Во моментот на претресот, споменатата опремата била во функција и од истата се вршело незаконито детерминирање на меѓународен телефонски сообраќај кон Србија.

„Од првичниот увид на работата на опремата и на генерираните компјутерски податоци, утврдени се повеќе ИП-адреси во Србија, каде овој сообраќај преку интернет нелегално завршува до крајните корисници“, стои во соопштението.
МВР во координација преку центарот ЦЕЛЕК, разменило информации и податоци за локациите со полициските служби во Србија, каде од нивна страна извршен е претрес и исто така пронајдена е техничка опрема која претставува дел од пронајдената опрема во Гостивар и служи за терминиран сообраќај во Србија.

„Имајќи ја предвид намената и функционалноста на пронајдената опрема и огромниот број запленети СИМ-картички, најмногу од српски мобилни оператори, може да се констатира дека голем дел од нивниот меѓународен телефонски сообраќај реализиран преку запленетите СИМ-картички, терминирал низ серверите запленети во Гостивар“, стои во соопштението на МВР.
Од МВР соопштија дека во наредниот период ќе бидат извршени дополнителни проверки за сите инволвирани лица и правни субјекти во нелегалните активности, проверки за начинот на обезбедување на меѓународен сообраќај, негово терминирање и реализација на истиот.

По извршените дополнителни проверки, ќе биде подготвен соодветен поднесок до надлежното јавно обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...