fbpx

Четворица дебрани оперирале по празни станови и во стопански објекти

-

Полициската станица од Дебар поднесе кривични пријави против Љ.А. (18), О.Х. (19), А.М. (22), Е.К. (20) и Ј.К. (26), сите од Дебар, кои ги товари за десет тешки кражби.

Од почетокот на оваа година, пријавените самостојно, но и во група, според МВР, ги извршиле тешките кражби, пред сè, во куќи низ Дебар за кои знаеле дека во нив не живее никој бидејќи сопствениците биле на привремена работа во странство. Тешки кражби извршиле во работилница и во трафика во градот, соопшти портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски.

Пријавените, со употреба на тврди предмети, но и со погоден алат и прибор, успевале да ги оштетат бравите од влезните врати и прозорци од куќите, по што со употреба на физичка сила, влегувале во внатрешноста и одземале бакарни украси, вазни, пепелници, табаки, ЛЦД-телевизори, апарати за кафе, бормашини, една хилта за бетон, пиштол-нитни, пиштол за клинци и други вредни предмети. На тој начин, пријавените стекнале протвиправна имотна корист во вкупен износ од 202.250 денари.

Работејќи на реализација на тешките кражби, полициската станица од Дебар, оформи предмет со прецизни оперативни информации по што, по добиена наредба од Основниот суд во Дебар, изврши претрес во домовите на сега пријавените. Притоа, пронајдени се дел од предметите, бесправно одземени при кражбите.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сатирична објава – личните документи ќе се менуваат и по смената на власта

Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство...