fbpx

За неколку дена ограбени три цркви

-

Црквата „Свети Спас“ во скопското село Добри Дол е ограбена од непознат сторител, кој одзел околу 5.200 денари.

Кражбата е извршена во периодот од 15 до 21 март така што крадецот го скршил катанецот и влегол во црквата.

МВР соопшти дека е ограбена и црквата „Св. Преображение“ во месноста Теферич, од каде се одземени околу 500 денари.

Разбојникот влегол насилно преку влезната врата во периодот од 8.30 до 9 часот на 20 март.

Исто така, на 20 март, во црквата „Св. Никола“ во скопското село Горно Соње, извршена е тешка кражба при што се одземени околу 10.000 денари.

Полицијата работи на расветлување на кражбите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 44 случаи на пертусис, вкупната бројка на заболени достигна 597

Во последната недела пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 3 пати споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје во последниот извештај...