fbpx

Двајца скопјани осомничени за серија кражби

-

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривични пријави против Н.С. (21) и С.Д. (19), двајцата од Скопје, осомничени дека од јануари од март оваа година, извршиле серија кражби на подрачјата на општините Центар, Карпош и Чаир.

Според полицијата, тие се товарат за три тешки кражби и за една кражба, во кои однеле плен од околу 200.000 денари.

Судија на претходна постапка на Н.С. му изрекол мерка притвор од осум дена, додека осомничената С.Д. треба задолжително да се јавува во суд секој понеделник.

Кражбите за кои се товарат осомничените, според полицијата, ги вршеле во куќи, а во еден случај цел им била продавница за гардероба.

Од МВР информираат дека според нивната евденција, против Н.С. предходно биле поднесени 16 пријави за кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против јавниот ред и мир, а против С.Д. биле поднесени 34 кривични пријави, сите од областа на имотните деликти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...