fbpx

„Цивил“: Заканите на СОНК се срамен преседан во синдикалното дејствување

-

„Наставнички пленум“, зедно со пленумите на студентите, средношколците и на професорите, добија уште еден непринципиелен непријател – нивниот синдикат, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), велат од „Цивил“.

„СОНК врши притисок и своевиден мобинг на своето членство во обид да се заштити владата на начин кој е очигледен до вулгарност. Заедно со владата и со ресорното министерство, СОНК врши притисок и врз учениците, нивните родители и врз „Средношколски пленум“, меѓу другото, и со заканите дека родителите ќе бидат казнети доколку отсуствуваат учениците од настава, а со тоа, практично, ги забрануваат најавените протести на учениците.
Ги потсетуваме учениците и родителите на нивното неприкосновено право на слобода на изразување и на правото на протест, а воедно и на законските одредби според кои, во одредени околности, се предвидува казнување за 25-дневно непрекинато отсуство на ученикот од наставата, а не за протест. СОНК во минатото покажа дека е пион на владата, но сега и официјално влезе во отворен фронт против своите членови, што за нас е уште еден срамен преседан во синдикалното дејствување во Македонија“, се вели во соопштението од „Цивил“.

Од „Цивил“ велат дека се солидаризираат и ги поддржуваат сите пленуми кои се залагаат за подобро образование, ослободено од партиските стеги и крајно лошите политики и практики на владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...