fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

Полициски инспектор осомничен дека примил поткуп од 36.000 денари

Инспектор во отсекот за економски криминалитет во СВР Битоа е осомничен дека барал и примил поткуп во износ од 36.000 денари, соопшти МВР. Против полицискиот инспкетор Н.Ц. (51), секторот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до битолското обивнителство ќе поднесе кривина пријава за примање поткуп. - Пријавениот, во својство на службено лице, со цел за себе да прибави противправна имотна...

Построги законски решенија за располагањето со службено оружје

Надлежните институции ги разгледуваат можностите за преземање мерки кои се однесуваат на построга регулатива во однос на располагањето и на ракувањето со службено оружје, информираше денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Актуелниот Закон за оружје се однесува само на оружјето што се поседува со приватна дозвола и, како што рече Јанкулоска, постои простор за построга регулатива во делот со...

Обвинителството покрена истрага за сообраќајката кај Католичка црква

Во надлежното јавно обвинителство во Скопје пристигнала кривичната пријава, поднесена од МВР, за сообраќајната несреќа во која загина малолетник, на раскрсницата од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов и 9 Мај, во близина на Католичката црква, информираат од јавното обвинителство. За несреќата е осомничено 20-годишното момче што управуваше со џипот, марка „фолксваген туарег“. - Надлежниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истрага...

Животот стана најевтина стока: Десет убиства за седум месеци

Последните случаи на убиства, вчерашното во Злетово и тоа пред неколку недели во Кавадраци, по својата зачестеност и по бројот на жртви, алармираат и укажуваат на сериозни аномалии во општеството. Убиства и самоубиства во идентични околности имаше и во мај, и во јули, во Скопје. Пет убиства за седум месеци, од кои две трикратни и едно двократно. Сите тие по многу...

Крадел по домови – трошел по казина

Дваесетгодишниот В.Ш. од струшкото село Делогожда, заработи кривична пријавa поради постоење основи за сомневање дека сторил осум кривични дела, кражба и тешка кражба. Полицијата го товари дека од мај до ноември оваа година, извршил две кражби и шест тешки кражби, при што стекнал противправна имотна корист од околу 500.000 денари. Пријавениот влегувал во куќите во селото, откако ќе ги забележел сопствениците...

Само тројца во притвор од 14 приведени во акцијата „Јагула“

Најголемиот дел од осомничените што вчера беа приведени во полициската акција „Јагула“ во Охрид, се пуштени да се бранат од слобода. Во текот на вчерашниот ден и изминатата ноќ, тие беа изведени пред судија на предходна постапка, во Основниот суд Скопје 1. Мерката притвор им е определана само на поранешниот градоначалник Александар Петрески и на уште тројца раководители на сектори од...

Во „Јагула“ приведени 14 лица како соработници на Петрески, по двајца се трага

Во акцијата на МВР, со оперативно име „Јагула“, приведени се 14 лица, а по две се трага за криминални дејства со кои му нанеле штета на буџетот на Општина Охрид во периодот од 2007 до 2013 година, соопшти Министерството за внатрешни работи. Кривични пријави се поднесени против 16 лица за кривични дела злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба, перење пари, фалсификување деловни...

Нападнати ученици во „Михајло Пупин“ во Скопје

Вчера, околу 16 часот, двајца ученици, М.М. (17) и К.А. (16), во скопското средно училиште „Михајло Пупин“, физички го нападнале соученикот Ф.А. (15). „По преземени мерки, случајот е расчистен, а на напаѓачите им се издадени платни налози за наплата на глоба за сторен прекршок по член 12 од ЗППЈРМ“, соопшти МВР.

Група ученици нападнале 11-годишно дете

Вчера, во 9 часот, во дворот на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во селото Теарце, ученик на возраст од 11 години, без повод и причина, физички бил нападнат од група ученици кои почнале да го удираат со тупаници и со клоци по целото тело. МВР соопшти дека полициски службеници ги идентификувале шетмината ученици на 12-годишна возраст кои го тепале малолетникот, а...

Млад кичевец избодел свој сограѓанин

Полициската станица од Кичево поднесе пријава против С.А. (22) од овој град, поради постоење основи за сомневање за обид за убиство. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово, соопшти портпаролот на СВР во Охрид, Стефан Димоски. Кривичното дело е извршено на 18 овој месец, околу 17 часот,...

За една недела фатени повеќе од 80 пијани возачи во Битола, Тетово и во Штип

Полициски службеници од СВР- Битола, во текот на минатата недела регистрирале 495 прекршоци на Законот за безбедност на сообраќајот. Како што се наведува во соопштението, во 25 од случаите е констатирано присуство на алкохол кај возачите, констатирани се 57 случаи на управување на возило без возачка дозвола, 96 возачи управувале возила со поголема брзина од дозволеното, констатирани се технички неисправности кај 28...

Брачен пар осомничен за убиство во Горно Оризаре

Велешката полиција поднела кривични пријави против жител на селото Горно Оризаре, осомничен дека кон крајот на март годинава, го убил својот соселанец Бајрам И.(33), соопшти полицијата. Покрај осомничениот, кој според пријавата, се товари за кривично дело убиство, приведена е и неговата сопруга. Таа, според полицијата, е осомничена за помагање бидејќи знаела за убиството, но не пријавила. Убиството беше откриено кон средината...

Ние намаливме на 50, ЕУ размислува за зони со максимални 30 километри на час

Педесет километри на час во урбани средини, како што предвидува новиот закон за сообраќај кај нас, веќе неколку години е практика во сите земји-членки на ЕУ, и во некои кои не се дел од Унијата. Европскиот парламент минатата година усвои документ со кој бара од Европската комисија да ги провери можностите оваа граница да биде спуштена за уште 20...

Директорот на БЈБ, Чавков и амбасадорот Гарет ќе потпишат Меморандум за соработка

Денеска, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков, и амбасадорот на Обединетото кралство во Република Македонија, Чарлс Гарет, ќе потпишат Меморандумот за соработка за имплементирање на едногодишниот проект „Вовед во британските методологии и практики за прибирање информации“. Проектот ќе биде реализиран во соработка со експерти од Британската национална агенција за борба против криминалот (NCA).

Се кастри максималната брзина: Во градовите само со 50 километри на час!

Максималната брзина на движење на возилата низ сообраќајниците во урбаните средини, наместо досегашните 60 километри на час, ќе изнесува 50 километри на час, е предвидено со измените на Законот за безбедност во патниот сообраќај, кој е подготвен и треба да се најде во собраниска процедура, потврдуваат за агенцијата „Мета“ од МВР. Како што информираат оттаму, ова е најголемата и единствена...

Кривични пријави против три лица за илегален превоз на мигранти

Минатата недела во три одвоени случаи, против три лица, С.Н. (39), Д.М. (26) двајцата од село Марвинци, Валандовско и С.К. (25) од село Казандол, исто така Валандовско, се поднесени кривични пријави за илегален превоз на мигранти. При акцијата се откриени 25 илегални мигранти од Сирија, еден од Судан и тројца од Сомалија. На пријавените Д.М. и С.К. судија од претходна постапка...

Приведен скопјанец за посредување во вршење проституција

Единицата за насилен криминал на СВР Скопје, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, го предаде М.Ѓ. (47) од Скопје, осомничен за посредување во вршење проституција. Во периодот од 28 јуни до 14 октомври годинава, пријавениот, откако се запознал со оштетената, ја ангажирал за делење рекламен материјал и по сексуален однос со неа, почнал да ја уценува дека има снимки од сексуалниот...

Hulumtuam: Secili mund të blejë numër të pakufizuar të pripejd-kartelave

При претресот МВР заплениле 2.500 СИМ-картички од сите мобилни оператори
Në të tre operatorët celularë nuk ka kufizime të veçanta për numrin e kartelave pripejd të cilat mund t’i ketë një person juridik apo fizik. Pas skandalit rreth kurdisjeve në festivalin “Shkupi 2014”, në të cilin u arrestuan disa veta, të cilët shfrytëzuan rreth 2500 SIM kartela, Agjencia “Meta” hulumtoi se a ka ndonjë kufizim lidhur me numrin e...

Обвинителството води предистражна постапка за случајот „Дамар“

Јавното обвинителство води предистражна постапка за случајот „Дамар“ и во тек бил процес на препознавање за да се утврди идентитетот на учесниците во инцидентот во кој беше демолиран кафе-барот, за време на прославата организирана од ЛГБТ-центарот. - Во рамки на истражните дејства, обвинителството ги повикува сведоците заради земање изјава и се врши препознавање на одредени лица кои се претходно посочени од...

Јанкулоска: Проблемот и притисокот од илегалната миграција се големи

Проблемот со илегалната миграција, поради која доаѓа до трагични последици, е глобален проблем и притисокот што го имаат земјите од ЕУ и земјите кои географски припаѓаат на Европа, вклучително и Македонија, која се наоѓа на надворешната граница на ЕУ, е голем, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а во врска со неколкуте несреќи на железничките пруги, во кои...

Русија ја нападна Украина со 12 „Шахед“ дронови, 10 се уништени

Во ноќта помеѓу 2 и 3 декември, руските вооружение сили ја нападнаа Украина со 12 беспилотни летала марка „Шахед“ ор иранско производство лансирани од руската Приморско-Ахтарска област и наведувана...