fbpx

Двајца скопјани осомничени за тешки кражби, однеле плен вреден 500.000 денари

-

Скопската полиција до надлежното основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против две момчиња на возраст од 25, односно 22 години, осомничени за две тешки кражби што ги извршиле во населбата Кисела Вода, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, станува збор за Х.Е. (25), кому судија на претходна постапка му одредил осумдневен притвор, и за А.Г. (22), кому, пак, му е одредена мерка зајакнат надзор.

Осомничените извршиле две кражби во станови во Кисела Вода, во кои провалиле, обивајќи ги со шрафцегер и со француски клуч, влезната, односно балконската врата.

Од становите тие украле пиштол марка „црвена застава м70“, калибар 7,65 милиметри, пари, разновиден златен накит, златни пари, плазма-телевизор, мобилни телефони, машки и женски рачни часовници, касичка со ситни пари, таблет и други предмети. Вкупната вредност на пленот била проценета на околу 552.000 денари.

Тие пленот потоа го делеле и го продавале на непознато лице, чиј идентитет не сакале да го откријат на полицијата.

Дел од украдените предмети биле најдени при претресот на полицијата на домовите на осомничените и биле вратени на сопствениците.

Од МВР додаваат дека против Х.Е. во периодот од 2006 до 2014 година биле поднесени вкупно 11 кривични пријави од областа на имотните деликти, додека против А.Г. досега била поднесена една пријава, во 2012 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...