fbpx
Таг: плен

таг: плен

Од куќа во Куманово, украдени накит и пари во вредност од 25.000 евра

Непозната сторител синоќа провалил во куќа во Куманово и украл куфер во кој имало разновиден накит и девизи. Вкупната вредност на пленот, според полицијата, била проценета на околу 25.000 евра. Кражбата, како што информираат од МВР, се случила во периодот меѓу 20.30 и 22.18 часот, во куќата на А.А. на улицата Поток Серава, во Куманово. Крадецот се прекачил на терасата од...

Ограбено казино во центарот на Скопје

Непознато лице, маскирано и вооружено со пиштол, вчеравечер извршило разбојништво во автомат-клуб за игри на среќа во населбата Дебар-маало во центарот на Скопје. Според полицијата, разбојникот побегнал од казиното со плен од околу 51.000 денари. Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило околу 19.30 часот во автомат-клуб на улицата Наум Наумовски Борче. Разбојникот, откако ѝ се заканил на вработената со пиштолот, ѝ...

Гостиварец осомничен за девет кражби во Струга

Струшката полиција поднела кривична пријава против 20-годишниот гостиварец О.А., кој се товари за пет тешки кражби и за четири кражби што ги извршил во текот на минатиот месец во Струга, соопшти полицијата. Осомничениот, според полицијата, кражбите ги вршел во куќи и во станови, на плажи на струшкото крајбрежје и од возило, одземајќи пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, облека и други...

Од стан во Куманово, украден плен вреден 12.500 евра

Непознат сторител вчера претпладне провалил во стан во Куманово и украл пари, златен накит и рачни часовници. Вкупната вредност на пленот била проценета на околу 765.000 денари, или околу 12.500 евра, информира полицијата. Кражбата се случила во периодот од 10.30 до 12 часот, во станот на Н.Т. на улицата Страшко Арсов. Крадецот во станот влегол откако со калауз ја отворил влезната врата. Претурал...

Ограбен стан во населбата Капиштец

Непознат сторител ноќеска провалил во стан во скопската населба Капиштец, во кој привремено живеел државјанин на Турција, и украл 300 евра, златен накит, рачни часовници и парфеми, сè со вкупна вредност од околу 330.000 денари, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, крадецот во станот влегол преку балконот од мезанинот, а потоа се прекачил на балконот од дневната соба на станот и...

Крадец провалил во две цркви во Битола

Непознат сторител, ноќта меѓу понеделникот и вторникот, провалил во две цркви во Битола и украл околу 6.000 денари, информираат од полицијата. Станува збор за црквите „Свети Јован Крстител“ и „Свети Јован Богослов“, во кои крадецот провалил со помош на погоден алат. Од црквата „Свети Јован Крстител“, крадецот однел прибор и масло за јадење, со што стекнал противправна имотна корист од...

Двајца скопјани осомничени за тешки кражби, однеле плен вреден 500.000 денари

Скопската полиција до надлежното основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против две момчиња на возраст од 25, односно 22 години, осомничени за две тешки кражби што ги извршиле во населбата Кисела Вода, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за Х.Е. (25), кому судија на претходна постапка му одредил осумдневен притвор, и за А.Г. (22), кому, пак, му е одредена мерка...

Од куќа во Скопје крадец однел плен вреден 1,2 милиони денари

Крадец вчеравечер провалил во куќа на булеварот Партизански одреди и однел плен вреден околу 1,2 милиони денари, информираат од полицијата. Како што информираат оттаму, кражбата се случила во периодот меѓу 18.20 и 20.40 часот во станот на О.Г. (38), каде непознатиот сторител провалил со помош на погоден алат. Од куќата, според полицијата, биле украдени 7.000 евра, 2.000 американски долари, 120.000 денари,...

Ограбена жена во центарот на Скопје

Педесет и петгодишна жена вчера попладне била ограбена од две непознати лица пред менувачница во центарот на Скопје, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, околу 16 часот, пред менувачница на улицата Рузвелтова, двете лица ѝ ја украле чантата на Г.П., во која имала денари и девизи. Според полицијата, крадците однеле плен од околу 300.000 денари.

Ограбена обложувалница во Куманово

Вчеравечер, околу 21.30 часот, непознато лице, вооружено со пиштол, ја ограбило обложувалницата „Плеј ин“ во Куманово, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, разбојникот со пиштол им се заканил на вработената и на гостин во обложувалницата, а потоа го одзел дневниот промет од касата и мобилниот телефон на гостинот. Вкупната вредност на пленот што го однел разбојникот била проценета на околу 42.500 денари.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...