fbpx

Притворен скопјанец, осомничен за препродажба на хероин

-

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против 48-годишниот Ф.Џ. од Скопје, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информира МВР.

На осомничениот судија на предходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена.

Според полицијата, осомничениот од непознато лице набавил поголемо количество хероин, кој потоа препакуван го продавал на наркозависници, а на дел им овозможувал да ја користат дрогата во неговиот дом.

Полициските екипи, по наредба на судија на предходна постапка, извршиле претрес во домот на скопјанецот каде пронашле 7,45 грама хероин, околу 20 грама мешавина од парацетамол ид кафетин и 14,66 грама лактоза, кои се мешаат со хероинот.

Од МВР соопштуваат дека против осомничениот и предходно биле поднесувани кривични пријави за недозволена трговија со синтетички дроги, и прикривање на предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...