вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: хероин | 28 резултати

Пронајдени 10 пакувања со хероин во стан во Гостивар

2 март 2016

Полицијата пронајде 10 пакувања со хероин во стан на 30-годишен гостиварец, при претрес извршен со судска наредба. Дрогата е најдена во една од собите во станот лоциран на улицата Гоце Делчев, каде живеел гостиварецот. При претресот одземен е и еден мобилен телефон и околу 27.000 денари. Гостиварецот и уште едно лице од селот Равен, кои […]

Цариниците на скопскиот аеродром пронашле хероин во куфер со двојно дно

17 февруари 2016

Турски државјанин вчеравечер на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се обидел да прошверцува околу 5 грама хероин, сокриен во куфер со двојно дно, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, синоќа околу 20.20 часот на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“, царински службеници при детална контрола на багажот на турскиот државјанин Р.Ј. (39), забележале дека […]

Фатен дилер на хероин во Гостивар

13 септември 2015

Во акција на гостиварската полиција, вчера во Гостивар е откриен дилер на хероин. Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера извршиле претрес во куќата на 30-годишен гостиварец, лоцирана на улица Кеј Вардар. Во домот бил затекнат и Ф.А. кај кого е пронајдена црна футрола за очила, […]

Скопјанец фатен со 2,8 килограми хероин на Богородица

31 август 2015

Министерството за внатрешни работи (МВР) до велешкото јавно обвинителство поднело кривична пријава против 58-годишниот Е.Р. од Скопје, кој во четвртокот минатата недела бил уапсен на граничниот премин Богородица, при обид да прошверцува во земјава околу 2,8 килограми хероин. Според МВР, против осомничениот е поднесена кривична пријава со која тој се товари за неовластено производство и […]

Молдавски цариници заплениле 130 килограми хероин

12 август 2015

Молдавски цариници заплениле повеќе од 130 килограми хероин во камион кој превезувал плочки од Украина во Бугарија. Шефот на царинската служба, Иури Цербан, рекол дека на граничниот премин со Романија во понеделникот вечерта пронашле 250 пакети хероин кои на пазарот вредат помеѓу 10 и 20 милиони евра. Обвинителот Лилиан Бацалам рекол дека на возачот на […]

Притворен скопјанец, осомничен за трговија со хероин

1 август 2015

Скопската полиција поднела кривична пријава против 25-годишниот Б.Ш., осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотичи дроги, психотропни супстанци и прекурсори, соопшти полицијата. Судија на претходна постапка на осомничениот скопјанец му одредил мрека притвор од 30 дена. Според полициските информации, единицата за недозволена трговија со дрога добила информации дека осомничениот во текот на […]

Во автобус кој сообраќал на линијата Струга-Луцерн, запленети 1,3 килограм хероин

17 јули 2015

Секторот за недозволена трговија со дрога при МВР, во содејство со Царинската управа на Република Македонија, реализира случај на недозволена тргвоија со дрога при што запленети се 1,3 килограми хероин, при што од слобода се лишени две лица, македонски државјани, и е пресечен меѓународен канал за трговија со дрога. На 15 јули, околу 20.40 часот, […]

Тројца гостиварци фатени со хероин и со марихуана

25 јуни 2015

Гостиварската полиција поднела кривична пријава против С.С. (46), Ф.М. (30) и М.И. (22), кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за овозможување и употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци. Според полицијата, осомничениот С.С., кон средината на февруари, од непознато лице од Арачиново набавил […]

Кривична пријава и притвор за дилер на хероин

20 јуни 2015

Скопјанецот Б.М. на големо купувал хероин, а потоа дрогата ја препакувал дома и ја продавал во централното градско подрачје, за што СВР Скопје поднесе кривична пријава поради постоење основи за сомневање дека сторил неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена […]

Двајца кавадарчани осомничени за трговија со хероин

17 јуни 2015

Двајца кавадарчани, на возраст од 31, односно 33 години, се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информираа полицијата. Полицијата, на 17 февруари оваа година, при претрес на осомничениот М.А. (31), пронашла 20 пакувања со 5,86 грама хероин. Од разговорот со него, било утврдено дека дрогата претходниот […]

Кавадарчанец фатен со 100 грама хероин во струмичко Босилово

5 јуни 2015

Вчеравечер, околу 20 часот, полициски службеници од СВР Струмица, во селото Босилово извршиле претрес над Б.Ј. (32) од Кавадарци, кај кого нашле околу 100 грама прашкаста материја, за која постојат сомневања дека е хероин, информираат од полицијата. Кавадарчанецот бил приведен и задржан во СВР Струмица за понатамошна постапка, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на […]

Македонски државјани уапсени за продавање дрога во Грција

22 мај 2015

Двајца македонски државјани се уапсени во Грција за внесување и за продавање дрога и за поседување фалсификувани пари. Македонските државјани, на возраст од 46 и од 36 години, биле уапсени во Лерин во рамки на стандардните полициски акции и проверки. При проверката, полицијата кај двајцата нашла 183 грама хероин, дрога која била внесена од Македонија […]

Стружанец осомничен дека продавал хероин

29 април 2015

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 40-годишниот Д.У. поради сомневање дека неовластено произведувал и пуштал во промет опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на 27 април, пријавениот, на 43-годишниот Д.Д., наркозависник од Струга, му продал помало количество опојна дрога хероин. Нивната средба се случила на […]

Гостиварец пронајден со 25 пакетчиња хероин

28 февруари 2015

Гостиварската полиција пронашла 25 пакетчиња со хероин кај гостиварецот А.Ш од село Добридол, за што поднела кривична пријава. „Синоќа, во три часот во Гостивар, на улица Борче Јовановски, А.Ш. од село Добридол, кога ги забележал полициските службеници кои вршеле редовна служба, се дал во бегство и во своја близина фрлил една кеса. Од полициски службеници А.Ш. […]

Притворен скопјанец, осомничен за препродажба на хероин

21 февруари 2015

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против 48-годишниот Ф.Џ. од Скопје, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информира МВР. На осомничениот судија на предходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Според полицијата, осомничениот […]

Кумановец и гостиварец царувале со пазарот на хероин во Швајцарија

22 јануари 2015

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на македонската полиција, во заедничка акција со претставници на швајцарските органи на прогонот, денеска извршиле претреси на три локации во Гостивар заради обезбедување докази во врска со меѓународна истрага против македонски државјани кои оперирале на наркопазарот на територијата на Швајцарија, соопшти МВР. – Заради пронаоѓање докази за сторено […]

Уапсени петмина дилери на дрога и запленети 100 грама хероин

29 декември 2014

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на МВР, викендов, во рамките на акцијата „Мрежа“, разбил канал за трговија со хероин, соопшти МВР. Во полициската акција биле уапсени пет, од вкупно шестмина осомничени и биле запленети околу 100 грама хероин. Од уапсените, четворица се скопјани, еден е гостиварец, а осомничениот кој не им е достапен […]

Македонската и полициите на уште три европски земји во конечна пресметка со „Франкфурт-мафија“

23 декември 2014

Голема криминална група, која внесувала и продавала хероин во земјите од ЕУ, е разбиена во заедничка акција на полициите од четири европски држави. Уапсени се речиси 400 осомничени членови на групата и запленети се 100 килограми хероин и помали количества кокаин, марихуана и пари во текот на истрагата, која траела од 2010 година, соопшти Европол. […]

Полицијата запленила 1,5 килограм хероин

22 декември 2014

Скопската полиција поднела кривична пријава против две лица осомничени за трговија со дрога и запленила околу 1,5 килограм хероин, информираат од МВР. Според полициските информации, станува збор за А.М. (31) и И.Н. (21), двајцата од Скопје, против кои е поднесена кривична пријава за неовластено производство и за пуштање во промет на опјни дроги, психотропни супстанци […]

Осумгодишно дете инјектира хероин, а тригодишник „дува“ лепило

16 декември 2014

Осумгодишно дете инјектира хероин, а тригодишник вдишува лепило. Ова се најмладите корисници на дроги во Македонија за кои знае Здружението ХОПС-Опции за здрав живот-Скопје. Од Здружението велат дека последните три години нема ниту едно дете помладо од 18 години што било вклучено во центрите за лекување од зависности. На Клиниката за детски болести и психијатрија прифаќале деца […]

Страна 1 од 2