fbpx

Подметната бомба на возило на полицаец

-

Вработен во Министерството за внатрешни работи (МВР), синоќа околу 23 часот во полициската станица Чаир пријавил дека на неговото возило има поставено бомба.

Како што информираат од МВР, нивниот вработен пријавил дека од непознато лице била поставена бомба на бришачите од неговото возило, марка „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, паркирано на улицата Костурска.

Од СВР Скопје велат дека експлозивната направа е дадена за вештачење и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...