вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: автомобил | 132 резултати

Oпожарен автомобилот на обвинителката Марјана Илиеска

22 февруари 2024

Во Прилеп вчера намерно бил опожарен приватниот автомобил на обвинителката на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска, соопштија денеска од таму. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело. „Според првичните сознанија, засега непознати сторители насилно влегле во […]

Теренски автомобил со соларни панели заврши тест возење од 1000 километри

16 октомври 2023

Првиот автомобил на соларна енергија кој треба да вози надвор од патишта и на долги растојанија без полнење, го заврши тест возењето низ Мароко и Сахара од 1000 километри, соопштува Гардиjaн. Колата „Стела Тера” која има две седишта и е дизајнирана од студенти на Технолошкиот универзитет во Ајндховен, го заврши патувањето низ различни предизвикувачки пејзажи […]

Автомобилски делови и гуми украдени од гаражите на Град Скопје

2 март 2023

Крадци влегле во гаражите на Град Скопје и украле автомобилски делови и гуми, соопшти МВР. Кражбата се случила вчера, а во полициската станица во Центар ја пријавил еден од вработените во Град Скопје. „Вработен пријавил на записник дека од гаражи сопственост на Град Скопје на подрачјето на Центар со употреба на сила и тврд предмет […]

Не е точно дека Стенли Мајер измислил автомобил кој се движел на вода и бил убиен поради тоа

11 февруари 2023

Тврдењата изнесени во постот дека Стенли Мајер измислил автомобил кој се движи на вода и дека подоцна бил убиен поради тоа, се неточни, стари и истите циркулираат подолго време, а биле дебанкирани во повеќе наврати. Автомобилот не може да се движи на вода, бидејќи водата не е гориво. Мајер не бил убиен или отруен како […]

Видео од филмска сцена злоупотребено да се прикаже револт на работници кои не зеле плата

5 октомври 2022

Не е точно дека видеото прикажува револтирани работници кои одлучиле да го демолираат автомобилот на својот газда бидејќи не им дал плата. Видеото е дел од сцена на филмот „Бистра вода“ кој се снима во Скопје. Извршниот продуцент на филмот на  Дејан Милошевски на Фејсбук објави фотографии од снимањето на оваа сцена, пишува „Вистиномер“ во […]

Ако не вклучите клима во автомобил висока парична казна е можна во Британија, не во С. Македонија

11 септември 2022

Корисниците на социјалните мрежи во земјава можат да бидат доведени во заблуда, мислејќи дека им следуваат огромни парични казни ако не го вклучат клима уредот во автомобилот. Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот, бидејќи во насловот се испушта да се наведе дека ова правило важи за Велика Британија, а не за С. Македонија, […]

Вистиномер: Вест за возило паднато во Охридското Езеро, стара две години, се објавува како да е денешна

29 јуни 2022

Не е вистина дека вчера автомобил „Тојота“ паднал во Охридското Езеро. Веста која е мошне вирална на социјалните мрежи и беше една од главните вести вчера, е всушност стара, односно настанот се случил пред точно две години, на 27 јуни 2020 година, за што говорат и видео снимките и објавите во медиумите, пишува „Вистиномер“ во […]

Опожарен автомобил на сопругата на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов

9 март 2022

На улицата Петре Пирузе во Скопје ноќеска настанал пожар во автомобил „ауди“, во сопственост на правно лице, соопшти МВР за „Мета“, појаснувајќи дека од пожарот зафатени биле и автомобили „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на друго лице. Всушност, прв опожарен бил автомобилот што го возела сопругата на поранешниот скопски градоначалник, Петре […]

Судир на македонски камион со автомобил по исклучување од автопатот „Струма“ однесе човечки живот

21 јануари 2022

Речиси два месеца по тешката трагедија на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога во пожарот на автобусот на скопската агенција „Беса Транс“ загинаа 45 патници, овој автопат повторно е во вестите поради тешка сообраќајка во која згасна еден човечки живот. Како што јави Бугарската национална телевизија (БНТ), синоќа околу 20 часот во непосредна близина на клучка […]

Спасовски: МВР истражува кој е виновен во сообраќајката во која учествуваше Зоран Милески-Кичеец

6 септември 2021

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека ќе се утврди  кој е виновен и кој ќе сноси одговорност во сообраќајната несреќа во која учествуваше Зоран Милески-Кичеец, кој е осуден на затворска казна, а викендов беше еден од учесниците во сообраќајката кај Стража. „Јас искрено жалам што се случи сообраќајна незгода и што има […]

Железницата како најголем загубар „плива“ во долгови, но раководството си набави луксузен автомобил

31 мај 2021

Железници на РСМ-Транспорт кон крајот на април годинава набавила луксузен автомобил „Форд Мондео Титаниум“, за којшто издвоиле над 1,8 милиони денари (околу 30.000 евра). Моторното возило е набавено од компанија, која што е единствената што се пријавила на распишаниот оглас, се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки.  Набавката на луксузен автомобил […]

Адем Амети: Работам на проект што ќе предизвика револуција во такси превозот на Тетово 

24 март 2021

Адем Амети е младо момче од Тетово кое ги изненадува сите со своите технолошки иновации. Иако има само 22 години, тој за две години успеа да создаде 22 технолошки иновации. Адеми ги заврши студиите по мехатроника и сега е асистент на Тетовскиот Универзитет, пренесува Порталб.мк. Сите креации на Адеми претставуваат големо изненадување. Проектите кои привлекоа […]

Илон Маск објави дека „Тесла“ автомобилите ќе може да се купувааат со биткоини

24 март 2021

Главниот извршен директор на „Тесла“, Илон Маск објави дека со биткоини ќе може да се купат автомобилите „тесла“ во Соединетите Американски Држави. You can now buy a Tesla with Bitcoin — Elon Musk (@elonmusk) March 24, 2021 Маск минатиот месец објави дека купил биткоини во вредност 1,5 милијарди долари, потенцирајќи дека биткоинот наскоро ќе биде […]

НаТочак: Бројот на скопјани што користеле велосипед се зголемил во корона кризата

15 декември 2020

Итни мерки во јавниот простор во насока на стимулирање на велосипедскиот и пешачкиот сообраќај се потребни во Скопје, покажува онлајн анкетата на 1.615 испитаници спроведена во периодот од 8 до 22 ноември од граѓанската иницијатива НаТочак и Одржливи иницијативи во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени“, спроведуван од Еко Свест, ЦНВП Македонија и […]

Изутринава во Штип запален уште еден автомобил

29 октомври 2019

Рано изутринава гореше автомобил „мерцедес“ на паркинг пред станбена зграда во Штип, сопственост на турски државјанин. Само брзата интервенција при гаснењето спречила возилото целосно да изгори. Ова е 20-то опожарено возило од почетокот на годината во Штип. Според информациите од штипските пожарникари, кај нив пожарот бил пријавен во 5.45 часот, по што веднаш излегле на […]

Изгоре автомобилот на поранешниот претседател на СДСМ во Штип

24 октомври 2019

Поплосани се три автомобили, паркирани пред станбена зграда во штипската населба Сењак. Еден од автомобилите е сопственост на Никола Тушев, поранешен претседател на Општинската организација на СДСМ, чија мандат заврши со разрешувањата по претседателските избори. Покрај неговиот автомобил, изгоре и возилото на неговиот татко, а покрај едно од возилата на Тушеви, зафатено е и целосно […]

Автомобилите ги сакаме безгранично, автобусите и возовите повремено (инфографик)

21 август 2019

Автобускиот превоз во земјава е многу поразвиен од земјите – членки на ЕУ, но сето тоа за сметка на малиот број на патници што патуваат со воз и неразвиеноста на железничката инфраструктура во земјава. Идентично како и во ЕУ, македонските граѓани најмногу го користат автомобилот за патувања, иако процентот на нивно користење во нашата земја […]

Сончев ден со мала облачност денеска

28 декември 2018

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Дневната температура ќе се движи од 4 до 12 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде слично, сончево со мала […]

Демолирани автомобилите на Шилегов и неговата сопруга

19 април 2018

Непознат сторител ги демолирал автомобилите на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов и на неговата сопруга, кои биле паркирани пред зграда на улицата „Хелсинки“. Од МВР информираат дека сопругата на Шилегов вчера во 23.10 часот пријавила дека во периодот од 17 до 22 часот на паркингот пред зградата се оштетени нејзиниот автомобил „ауди Q5“ и автомобилот на […]

Илон Маск успешно ја лансираше ракетата „фалкон хеви“

7 февруари 2018

Основачот на компанијата за електрични автомобили „Тесла“, Илон Маск, успешно ја лансираше ракетата „фалкон хеви“ од вселенската станица „Кенеди“ на Флорида, јавуваат светските медиуми. Ракетата се одлепила од земјата без никаков инцидент, а во неа се наоѓа и спортскиот електричен автомобил „роудстер“ (Roadster) на компанијата „Тесла“ . Falcon Heavy side cores have landed at SpaceX’s […]

Страна 1 од 7