fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

МВР и полицискиот синдикат го потпишаа новиот колективен договор

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанулоска, и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Тихомир Климовски, денеска го потпишаа новиот колективен договор за вработените во МВР, во кој, како што истакнаа, со 342 члена на 87 страници се „коригирани сите недостатоци во претходниот документ“. Јанкулоска и Климовски посочија дека станува збор за договор во кој се имплементирани највисоките стандарди на Европската унија во...

МВР: Киднапиран и малтретиран советник од Општина Центар

Советник од Општина Центар пријавил дека бил грабнат од две лица, информираaт од МВР. Оттаму велат дека тој пријавил грабнување во полициската станица во Центар. Како што навело лицето, на крстосницата на улицата Васил Ѓоргов и улицата Франклин Рузвелт, околу 2 часот по полноќ, додека се шетал со неколку другари, бил пресретнат од три машки лица со автомобил марка „форд фјужн“ со...

МВР не отвора „Јутјуб“

„На барање на Обвинителството, ние уште тогаш реагиравме до „Јутјуб“ и снимките беа тргнати, а ако се уште таму, веројатно некој повторно ги поставил“, вели за „Мета“ Иво Котевски, помошникот-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), за спорните видеоснимки од тајната средба меѓу лидерот на опозцијата, Зоран Заев, и претседателот на Владата, во премиерскиот кабинет,...

Хеликоптерите над Скопје денеска имале „рутински ниски прелети“

Хеликоптер „МИ-8“ на безбедносните сили денеска претпладне, ниско прелетувајќи го привлече вниманието на скопјани. На прашање на „Мета“, во врска со прелетите, помошникот-министер за односи со јавност на МВР, Иво Котевски, вели дека не може да потврди дека хеликоптерот е на МВР, но и дека до него не е пристигната никаква информација за евентуален настан, за кој би била неопходна воздушна...

Убиството во Љуботен било поради расправија на раскрсница

На синоќешното убиство во скопското село Љуботен, во кое смртно беше застрелан Џеваир Мурати (30), му претходела расправија и тепачка поради сообраќаен прекршок на кружниот тек во населба Бутел, информираат од МВР. Осомничен за убиството е 21-годишниот Т.Б., по кој полицијата сè уште трага. Според информциите на МВР, Мурати, жител на селото Раштански Пат, синоќа околу 22.15 часот бил донесен во Градската...

Вработен во МВР осомничен за несовесно работење во службата

Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) поднел кривична пријава против гостиварецот М.Н. (35), вработен во МВР како советник за управни работи, кој се товари за несовесно работење во службата. Како што информираат од МВР, во 2014 година пописната комисија на СВР Тетово, по извршениот редовен попис, констатирала кусок пари во отсекот за управни работи во гостиварскиот оддел за моторни возила. По...

РСБПС и МВР ја почнаа едукативната кампања „Недела на пешаците“

Во првото тримесечје од 2015 година, во сообраќајни незгоди во земјата животот го загубиле 23 лица, од кои седум биле пешаци, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на денешната промоција на едукативната кампања „Недела на пешаците“, истакнувајќи го овој податок како главна причина за новата активност што ја спроведува Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај (РСБПС), во...

Осомничен во случајот „Чекан“ екстрадиран од Хрватска

Министерството за внатрешни работи во соработка со хрватската полиција ја завршило екстрадицијата на Р.С. (40), еден од осомничените во случајот „Чекан“, а кој се товари за кривичните дела злосторничко здружување, изнуда, лихварство и за перење пари. Како што информираат од МВР, Р.С. на 10 јануари оваа година, бил уапсен на граничниот премин Бајаково, по распишана меѓународна потерница од Интерпол, по...

МВР за гранатирањето на Владата: Оружјето познато, коминикеата неважни

Пет дена по гранатирањето на владината зграда на Илинденска број 2, Иво Котевски, помошникот министер за внатрешни работи, ни потврди дека стручните тимови на МВР го утврдиле типот на оружјето со кое било стрелано, но за што точно станува збор не сакаше да открие, како и тоа дали се работи за истото оружје со кое беше гранатиран објектот на...

Аферата околу местењето на „Скопје-фест“ заглави во Обвинителството

За скандалот со местењето на телефонското гласање на фестивалот „Скопје 2014“, што се случи во ноември минатата година, на кој се избира наш претставник за песна за „Евровизија“, јавниот обвинител што го води случајот, најверојатно ќе бара нови шест месеци за финализирање. Законскиот рок до кога треба да биде завршена истрагата истекува за еден месец, а од Обвинителството за „Мета“ велат...

Изречени дисциплински мерки за 10 полицајци

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 10 решенија против 10 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, во согласност со одредбите од член 206, став 1, точки 1, 2, 3 и 4 и член 207, став 1, точки 4 и 8 од Колективниот договор на МВР. Притоа, шест вработени се казнети парично,...

Двајца скопјани осомничени за серија кражби

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривични пријави против Н.С. (21) и С.Д. (19), двајцата од Скопје, осомничени дека од јануари од март оваа година, извршиле серија кражби на подрачјата на општините Центар, Карпош и Чаир. Според полицијата, тие се товарат за три тешки кражби и за една кражба, во кои однеле плен од околу 200.000 денари. Судија на...

Дисциплински решенија за 42 вработени во МВР

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 42 решенија против 42 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето, во согласност со одредбите од член 206, став 1 точки 1, 2, 3, 4, 6 и 7 и член 207, став 1 и точки 4, 8 и 15 од Колективниот договор на МВР. На...

Алфите изминатиот месец уапсиле 221 лице

Во текот на минатиот месец, припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција „Алфа“ извршиле легитимирање на 1.428 лица, прегледале 18 автомобили, а по разни основи биле приведени вкупно 221 лице, информираат од МВР. По основа на телеграма биле приведени 38 лица, поради потраги, гласник, наредба од основен суд – пет лица, под сомнение за извршено кривично дело – 19...

Маж од Македонски Брод силувал малолетничка

Полициската станица Македонски Брод поднесе кривична пријава против И.М.(41) поради постоење основи за сомневање дека силувал малолетничка, соопштуваат од МВР. „И.М. на 31 март 2015 година, со измама и со употреба на физичка сила, однел малолетничка во Пласница и во периодот од 23 часот на 31 март 2015 година до утринските часови на 1 април 2015 година, по пат на употреба на сила и на закана,...

При претрес во куќа во Рашче, пронајдени оружје, муниција и дрога

Полициски екипи, по обезбедена судска наредба, а врз основа на информации за сторени повеќе кривични дела, денеска извршиле претрес во домот на Б.К. (46) во скопското село Рашче, каде пронашле неколку парчиња оружје, муниција, пакувања со дрога и други предмети, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка од непозната марка,...

СДСМ: Никаква закана нема да го спречи објавувањето на доказите за “Вистината за Македонија“

„Министерството за внатрешни работи, обидувајќи се да го извлече братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков, од милионскиот корупцискиот скандал поврзан со набавка на опрема за прислушување, сè подлабоко се заплеткува и станува соучесник во реализираниот криминал“, се наведува во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение од МВР, во кое оттаму информираат дека Министерството работи на нова кривична пријава против...

Сите наши безбедносни бизниси со Израел

Каква опрема набавило МВР од Израел во 2011 година, а за која стана збор во аудиоснимките што ги објави лидерот на опозцијата, Зоран Заев? Oсвен тврдењата од едната и од другата страна, за тоа нема никаков официјален документ кој би потврдил за што точно се работи. Зоран Заев и СДСМ остануваат на тврдењето дека станува збор за набавка на опрема...

МВР: Заев откри највисока државна тајна

Денешната конструкција на четвртоосомничениот во аферата „Пуч“, Зоран Заев, ги потврдува сомненијата дека основната цел на агентурната мрежа и останатите инволвирани во случајот е рушење на институциите и на безбедносниот систем на Република Македонија, стои во реакцијата на Министерството за внатрешни работи по прес-конференцијата на лидерот на СДСМ. МВР наведува дека осомничените за аферата „Пуч“ очекуваат ослабување на капацитетите и...

Скопјанец фатен додека превезувал 12 илегални мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривичнапријава против Б.Д. (57) од Скопје, кој вчера на патниот правец Гевгелија - Скопје бил фатен како со комби превезува 12 илегални мигранти со потекло од Авганистан, информира МВР. Според полицијата, скопјанецот се товари за нелегален транспорт на мигранти, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Авганистанските државјани се сместени...

Превртени кошеви и искршени седишта – институциите си префрлаат вина за руинираната спортска сала на УКИМ

Уште во далечната 2006 година на студентите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) им беше ветена најмодерна спортска сала, која дури по 11 години - во 2017, се...