fbpx

МВР и полицискиот синдикат го потпишаа новиот колективен договор

-

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанулоска, и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Тихомир Климовски, денеска го потпишаа новиот колективен договор за вработените во МВР, во кој, како што истакнаа, со 342 члена на 87 страници се „коригирани сите недостатоци во претходниот документ“.

Јанкулоска и Климовски посочија дека станува збор за договор во кој се имплементирани највисоките стандарди на Европската унија во однос на уредувањето на работата на администрацијата.

– Тоа што е најсуштинско во овој договор е фактот што првпат даваме јасна класификација на работните места по нивоа. Со овој модел создаваме поефикасен модел за имплементирање на системот на кариера и ова треба да претставува основа за ново нивелирање на нова листа на плати. Со новиот договор е разработена и постапката за спроведување на постапката за мерките за одличен и слаб ефект, во чии рамки, меѓу другото, се предвидува со оцена пет да можат да бидат оценети најмногу пет отсто од оценетите работници од конечната ранг-листа на оцени на сите работници во МВР, а тоа значи дека истите можат да бидат наградени со бонус во износ од една основна плата на работникот кој се наградува – рече Јанкулоска.

Новина, како што додаде министерката, се оценувањето на вработените од обучени и сертифицирани оценувачи, поедноставување на водењето на дисциплниските постапки, полагање на приправничкиот испит по електронски пат.

– Одредбите во новиот колективен договор се усогласени со новиот закон за внатрешни работи со кој се предвидува соодветно регулирање на системот на контрола и привремено или трајно одземање на службено оружје во случај кога против службениците се води постапка за каков било вид на насилство. Во сферата на безбедноста и на здравјето при работа, извршено е и усогласување со Законсот за безбедност и здравје при работа, при што МВР го очекуваат сериозни обврски од аспект на новите интерни акти што ќе траба да ги донесеме и затоа за овој дел од колективниот договор е предвидена одложена примена – истакна Јанкулоска.

Со новиот колективен договор, како што истакнаа потписниците, извршено било ревидирање на процесот на решавање на идивидуалните и на колективните спорови, кој „овозможува претходна постапка на помирување по чија неуспешност би се почнала постапка пред арбитража“.

Според претседателот на полицискиот синдикат, со новиот колективен договор биле создадени услови за појасна и поправична систематизација на работните места и унапредување на одредбите за безбедност и здравје.

– Предвидено е воведување нови работни места како писхолози во секторите за внатрешни работи. Во Скопје ќе има двајца, а во сите други по еден. Постигнато е учество на полицискиот синдикат во постапката за подготвување на тендерот за избор на компанија за осигурување на вработените во делот на критериумите, основите и условите за осигурување, а решен е и статусот на вработените со вишо образование – истакнува Климовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...