fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

Странскиот печат за „заземањето“ на Гошинце

Странските медиуми за заземањето на полициската станица во селото Гошинце известуваа опширно и аналитично. Во сите текстови беше пренесен официјалниот став на МВР, а во дел од анализите имаше потсетувања на конфликтот од 2001 година. Некои медиуми напишаа и за сомневањата дека случајот бил исцениран од Владата за оттргнување на вниманието од актуелната политичка криза и од скандалот со прислушувањето. „Ројтерс“: Македонија вели...

МНР на Косово го осуди нападот на полициската станица во Гошинце

Министерството за надворешни работи (МНР) на Косово го осуди нападот на полициската станица во Гошинце. Во соопштението се наведува дека веста за нападот била примена со голема загриженост. Во него, исто така, стои дека најостро се осудува секој акт на насилство врз органите на редот на Република Македонија и истовремено се апелира на професионална и нееднострана истрага. Официјална Приштина искажува подготвеност...

Иванов свика итен состанок на државниот врв

Претседателот  Ѓорге Иванов свика состанок на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и на разузнавањето ќе го информираат државниот врв на Република Македонија за актуелните настани, во врска со инцидентот на караулата Гошинце. Состанокот ќе се одржи вечерва, во кабинетот на претседателот на Република Македонија, по враќањето во државата на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и на премиерот...

Жителите од липковскиот регион не се изненадени од инцидентот

Жители од липковскиот регион велат дека не се изненадени од инцидентот бидејќи речиси цел месец во тој реон „се движела група и вршела одредени притисоци“, јави „Дојче веле“. - Добро е што состојбата е мирна. Засега нема никаква вознемиреност, но факт е и дека многу од граѓаните сè уште не знаат што се случило. Генерално, во целиот изминат период, состојбата на...

СДСМ: Нерасветлувањето на инцидентите отвора можност за тензии

СДСМ најостро го осудува инцидентот во липковскиот регион. Oд партијата посочуваат дека нерасветлувањето на инцидентите од безбедносен карактер за кои информира власта последниов период, отвора можност за различни шпекулации и за тензии. „Сериозно се сомневаме во капацитетите на институциите кои се партиски испостави на власта. Ги повикувме граѓаните на воздржаност и да не подлегнуваат на какви било режирани сценарија“, се вели...

ВМРО-ДПМНЕ за Гошинце: Да не се подгреваат тензиите!

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди терористичкиот настан во селото Гошинце. Од партијата повикуваат институциите да го расчистат овој случај, а граѓаните да останат смирени. „Повикуваме институциите одлучно и решително да постапат за расчистување на овој случај и да ја обезбедат законитоста, сигурноста и стабилноста по сите основи. Граѓаните да останат смирени и да не дозволат реализација на сценарија, чија цел е...

Познат идентитетот на дел од напаѓачите во Гошинце!?

Извесен „командант“ Џеваир Адеми, од Гњилане, според неофицијални информации, бил водачот на групата што утрово ја зазела караулата „Гошинце“, јавува „Утрински“. Според весникот, логистичка поддршка напаѓачите имале од извесен Фарук, а во групата, наводно, биле препознаени браѓата Ерхан и Кадир Бајрами. Сите иднетификувани биле од Гњилане, Косово. Од МВР засега не ги потврдуваат овие информации, но за весникот оттаму рекле дека споменатите...

Селмани: Ова е дело на луѓе што сакаат да го оттргнат вниманието од реалните проблеми

Во Македонија нема никаква основа за етнички или за каков било конфликт, информациите за она што се случило во полициската станица во Гошинце не кореспондираат со тоа што моментално се случува во  општеството, изјавил за бугарската агенција „Бгнес“ Имер Селмани, поранешен вицепремиер и министер за здравство. „Вакви нешта може да се во интерес на одредени центри. Денес, во 2015 година, нема шанси...

Твитер-досетки за „заземањето“ на Гошинце

По информацијата дека полициската станица во Гошинце, во липковскиот крај, е заземена од вооружени лица и по изјавата од МВР дека институците на државата синоќа биле цел на терористички напад, твитер-заедницата молскавично и масовно реагираше и со доза хумор се обиде да ја релативизира ситуацијата. Еве што го предизвика нападот во Гошинце... pic.twitter.com/bslrN0lnwM — Mind Plumber (@mindplumber) April 21, 2015 Видете...

Возила на ОБСЕ во Липковско

Две теренски возила на ОБСЕ во моментов се во Липковско. Иако полицијата им дозволила да се упатат кон Гошинце, од ОБСЕ одлучиле да не продолжат бидејќи возилата не им биле блиндирани, јавува „Нова ТВ“. Дел од новинарските екипи, пред малку, полицијата ги спречила да продолжат кон Гошинце. Репортерите на „Нова“, Сашка Цветковска и Владо Апостолов, сведочат оти им посочиле на полицајците дека кон Гошинце...

Гошинце: Местенка, порака или тероризам?

„Крајно невообичаена ситуација, која изгледа и несериозно. Да не стануваше збор за државата, би било смешно“, вели за „Мета“ универзитетскиот професор Владимир Пивоваров, во врска со денешниот инцидент на караулата Гошинце, што Министерството за внатрешни работи (МВР) го оквалификува како „терористички напад врз државните институции“. - Во светот се познати  доста методи на дејствување. Но, не и ваков, во кој се вели...

МВР: 40 лица ја нападнале станицата во Гошинце!

Институците на државата синоќа биле цел на терористички напад. Околу 2.30 часот, група од 40 лица ја нападнале полициската станица во Гошинце. Биле добро вооружени, со маскирни униформи со амблеми на УЧК и говореле на албански јазик, истакна помошник-министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски. - Четворица полициски службеници, кои биле дежурни, биле заробени. Напаѓачите ги разоружале, ги врзале со лисици,...

Јанкулоска: МВР не врши директен пренос од постапките што ги води

„Ние не вршиме директен пренос на постапките што ги водиме. Тогаш кога ќе имаме нешто да ѝ соопштиме на јавноста, ќе го направиме тоа на транспарентен начин“, гласеше одговорот на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на прашање на „Мета“ до каде е кривичната пријава за оддавање државна тајна, што МВР најави дека ќе ја поднесе против лидерот на...

МВР и полицискиот синдикат го потпишаа новиот колективен договор

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанулоска, и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Тихомир Климовски, денеска го потпишаа новиот колективен договор за вработените во МВР, во кој, како што истакнаа, со 342 члена на 87 страници се „коригирани сите недостатоци во претходниот документ“. Јанкулоска и Климовски посочија дека станува збор за договор во кој се имплементирани највисоките стандарди на Европската унија во...

МВР: Киднапиран и малтретиран советник од Општина Центар

Советник од Општина Центар пријавил дека бил грабнат од две лица, информираaт од МВР. Оттаму велат дека тој пријавил грабнување во полициската станица во Центар. Како што навело лицето, на крстосницата на улицата Васил Ѓоргов и улицата Франклин Рузвелт, околу 2 часот по полноќ, додека се шетал со неколку другари, бил пресретнат од три машки лица со автомобил марка „форд фјужн“ со...

МВР не отвора „Јутјуб“

„На барање на Обвинителството, ние уште тогаш реагиравме до „Јутјуб“ и снимките беа тргнати, а ако се уште таму, веројатно некој повторно ги поставил“, вели за „Мета“ Иво Котевски, помошникот-министер за односи со јавноста на Министерството за внатрешни работи (МВР), за спорните видеоснимки од тајната средба меѓу лидерот на опозцијата, Зоран Заев, и претседателот на Владата, во премиерскиот кабинет,...

Хеликоптерите над Скопје денеска имале „рутински ниски прелети“

Хеликоптер „МИ-8“ на безбедносните сили денеска претпладне, ниско прелетувајќи го привлече вниманието на скопјани. На прашање на „Мета“, во врска со прелетите, помошникот-министер за односи со јавност на МВР, Иво Котевски, вели дека не може да потврди дека хеликоптерот е на МВР, но и дека до него не е пристигната никаква информација за евентуален настан, за кој би била неопходна воздушна...

Убиството во Љуботен било поради расправија на раскрсница

На синоќешното убиство во скопското село Љуботен, во кое смртно беше застрелан Џеваир Мурати (30), му претходела расправија и тепачка поради сообраќаен прекршок на кружниот тек во населба Бутел, информираат од МВР. Осомничен за убиството е 21-годишниот Т.Б., по кој полицијата сè уште трага. Според информциите на МВР, Мурати, жител на селото Раштански Пат, синоќа околу 22.15 часот бил донесен во Градската...

Вработен во МВР осомничен за несовесно работење во службата

Сектор за внатрешна контрола и професионални стандарди (СВКПС) поднел кривична пријава против гостиварецот М.Н. (35), вработен во МВР како советник за управни работи, кој се товари за несовесно работење во службата. Како што информираат од МВР, во 2014 година пописната комисија на СВР Тетово, по извршениот редовен попис, констатирала кусок пари во отсекот за управни работи во гостиварскиот оддел за моторни возила. По...

РСБПС и МВР ја почнаа едукативната кампања „Недела на пешаците“

Во првото тримесечје од 2015 година, во сообраќајни незгоди во земјата животот го загубиле 23 лица, од кои седум биле пешаци, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на денешната промоција на едукативната кампања „Недела на пешаците“, истакнувајќи го овој податок како главна причина за новата активност што ја спроведува Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај (РСБПС), во...