fbpx

Јанкулоска: МВР не врши директен пренос од постапките што ги води

-

„Ние не вршиме директен пренос на постапките што ги водиме. Тогаш кога ќе имаме нешто да ѝ соопштиме на јавноста, ќе го направиме тоа на транспарентен начин“, гласеше одговорот на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на прашање на „Мета“ до каде е кривичната пријава за оддавање државна тајна, што МВР најави дека ќе ја поднесе против лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Заев на една од прес-конференциите на кои ги објавува „бомбите“, го обвини директорот на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, дека зел провизија повеќе од еден милион евра за набавка на опрема за прислушување од Израел.

На новинарско прашање, во врска со последната „бомба“ што опозиција ја објави викендов, каде според опозицијата, Јанкулоска со погрдни и со навредливи зборови посочува одредени фукционери од власта, министерката вели дека објавувањето на „креирани, монтирани и нелегално прибавени материјали“ е одраз на „стравот и вознемиреноста на Заев од кривичните дела што му се стваат на товар“.

– Во недостиг од идеи и од конкретни предлози, Зоран Заев и неговите соработници како единствен начин да се претстават пред граѓаните, одлучија да објавуваат креирани, монтирани материјали, прибавени на незаконски начин и со секое нивно наредно појавување во јавноста, евидентен е стравот и вонземиренста кај лидерот на опозцијата, Зоран Заев, поради тоа што, најверојатно, станува свесен за сериозноста на кривичните дела што му се ставаат на товар. Со сите колеги и во извршната и во законодавната власт имаме коректни и професионални односи – рече Јанулоска.

На прашање дали МВР знаела за кршењето на штабовите на опозицијата, министерката рече дека МВР за сите инциденти за кои обезбедиле докази и имале одредени индиции и за кои тие се потврдиле и постоеле материјални докази, поднеле соодветни кривични или прекршочни пријави.

– Бидејќи не посочувате конкретен настан, не можам детално да ви одговорам – изјави министерката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...