Во Македонија нема никаква основа за етнички или за каков било конфликт, информациите за она што се случило во полициската станица во Гошинце не кореспондираат со тоа што моментално се случува во општеството, изјавил за бугарската агенција „Бгнес“ Имер Селмани, поранешен вицепремиер и министер за здравство.
„Вакви нешта може да се во интерес на одредени центри. Денес, во 2015 година, нема шанси да се вратиме кон некое искуство од минатото. Сè треба да се решава по пат на дијалог и на интеграција. И проблемите во 2001 година завршија со дијалог“, рече Селмани.
Според него, ова може да е дело на луѓе што сакаат да го оттргнат вниманието на македонските граѓани од реалните проблеми кон нешто друго.