fbpx

ВМРО-ДПМНЕ за Гошинце: Да не се подгреваат тензиите!

-

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ најостро го осуди терористичкиот настан во селото Гошинце.

Од партијата повикуваат институциите да го расчистат овој случај, а граѓаните да останат смирени.

„Повикуваме институциите одлучно и решително да постапат за расчистување на овој случај и да ја обезбедат законитоста, сигурноста и стабилноста по сите основи. Граѓаните да останат смирени и да не дозволат реализација на сценарија, чија цел е дестабилизација на земјата и загрозување на редот и на поредокот“, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека сите политички чинители, поединци и партии треба одговорно да се постават во овие моменти, да се воздржат од манипулации и да не подгреваат тензии кои се единствено во теснопартиски и лични интереси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Владата побара да се исчисти ѓубрето во Маврово, нема да има отстрел на мечки

Владата на денешната седница ги задолжи Општината Маврово и Ростуше и Јавната установа Национален парк Маврово да ги отстранат сите помали и поголеми ѓубришта во близина или во населените...