Странскиот печат за „заземањето“ на Гошинце

-

Странските медиуми за заземањето на полициската станица во селото Гошинце известуваа опширно и аналитично. Во сите текстови беше пренесен официјалниот став на МВР, а во дел од анализите имаше потсетувања на конфликтот од 2001 година. Некои медиуми напишаа и за сомневањата дека случајот бил исцениран од Владата за оттргнување на вниманието од актуелната политичка криза и од скандалот со прислушувањето.

Ројтерс“: Македонија вели дека Косовски вооружени лица зеле полицајци за заложници, барале албанска држава

Во објавата на „Ројтерс“ стои: „Македонија во вторникот соопшти дека 40 вооружени лица со камуфлажни униформи, зборувајќи албански, ја преминале границата и зеле неколку полицајци како заложници во текот на ноќта, барајќи „албанска држава“.“
Во текстот ги има изјавите на портпаролот на МВР, Иво Котевски, на косовската полиција, пишува за средбата на премиерот Груевски во Брисел, вклучено е кратко потсетување на конфликтот во 2001 година и дека во некои медиуми било објавено сомневање дека инцидентот е создаден за да се одвлече вниманието од „бомбите“ на Заев.

„Ал Џезеира“: „Нежни“ терористи или сценарио на „Ослободителна војска на Груевски“

„Ал Џезеира“ пишува: „Нападот на полициската станица во село Гошинце, во близина на границата помеѓу Македонија и Косово, предизвика загриженост, сомневање, но и отворени обвинувања дека зад инцидентот стои Владата на премиерот Никола Груевски и неговиот коалиционен партнер Али Ахмети.“
Во текстот стои што вели полицијата, како известувале провладините медиуми, а како албанските медиуми, што рекле независните аналитичари за инцидентот, загриженоста на ЕУ за политичката криза и за сомнежот дека настанот е инициран од власта.

„Балкан инсајт“: Македонија тврди дека косовски Албанци ја нападнале границата

Медиумот наведува: „Откако македонската полиција тврдеше дека маскирани вооружени лица кои говореле албански упаднале на караулата, некои Албанци ги обвинија властите дека се обидуваат да го одвлечат вниманието на јавноста од внатрешната криза во државата.“

„Њујорк тајмс“:  Македонската полиција вели дека е нападнатата граничната караула

Во текстот има кратко известување за инцидентот, изјава од портпаролот на МВР, Иво Котевски, изјава од претставникот на косовската полиција, Баки Келани, претставникот на НАТО-силите на Косово, објаснување кои се УЧК и дека во Македонија има политичка криза со масовно прислушување.

Ксинхуа“: Вооружени лица зазеле полициска станица во Македонија

Во објавата се вели: „Група од 40 вооружени и маскирани лица насила ја зазеле полициската станица во селото Гошинце, потврдува македонската полиција.“
Во текстот има изјава на Иво Котевски, за улогата на Липково во конфликтот во 2001 година, изјава од експертот за безбедност, Благоја Марковски, како и потсетување за двата напади на Владата во изминатите месеци, за кои одговорност презеде УЧК.

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

ЗНМ и СЕММ: Meдиумите да објавуваат проверени информации

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи...

Најтешко повредените од пожарот ќе се транспортираат во болници во странство

Најтешко повредените лица од синоќешниот пожар во дискотека во Кочани ќе се транспортираат на лекување во странство. Како што информираше министерот за здравство Арбер Таравари, пациенти ќе бидат транспортирани во Бугарија,...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на...