fbpx

РСБПС и МВР ја почнаа едукативната кампања „Недела на пешаците“

-

Во првото тримесечје од 2015 година, во сообраќајни незгоди во земјата животот го загубиле 23 лица, од кои седум биле пешаци, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на денешната промоција на едукативната кампања „Недела на пешаците“, истакнувајќи го овој податок како главна причина за новата активност што ја спроведува Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај (РСБПС), во соработка со МВР и со Општина Аеродром.

– На територија на градот Скопје, од вкупно осум жртви, 50 отсто, односно четири, се пешаци. Тоа ја потврдува оправданоста на една ваква кампања, во која ние настојуваме преку сопствен пример и комуникација да ги едуцираме најмладите од основните училишта – рече Јанкулоска.

Во едукативната акција, која се одржа на потегот од пешачкиот премин меѓу трговскиот центар „Капитол“ и трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром, учествуваа ученици од четврто оддление од основното училиште „Ѓоргија Пулески“.

– Почнуваме со пешаците и со децата од основните училишта затоа што сметаме дека навиките и карактерот во сообраќајот се градат од најмали години – изјави Стојче Стаменковски од РСБПС.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Конески, истакна дека едукативната кампања позитивно ќе влијае на зголемувањето на свеста кај возачите за присуството на пешаците, особено на децата.

– Аеродром е општина со најмлада популација, која опфаќа повеќе од 60 отсто од населението, и сметам дека оваа едукативна кампања позитивно ќе влијае во намалувањето на сообраќајните несреќи – рече Конески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...