fbpx

Ирачкиот град Рамади наскоро ќе падне во рацете на џихадистите

-

Клучниот ирачки град Рамади следните неколку дена би можел да падне во рацете на Исламска држава, јавуваат локални претставници, кои молат за помош.

Еден од претставниците на градот за „Си-Ен-Ен“ изјави дека не знае уште колку владините сили можат да ги држат џихадистите надвор од границите на градот. Борбите се интензивирале во последните неколку дена, а градските власти побараа помош од ирачката влада и од коалицијата што ја водат САД.
Апелот за помош доаѓа само еден ден откако ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади се сретна со Барак Обама и побара поголема поддршка за борбата против џихадистите.

Градскиот претставник соопшти дека во изминатите три дена џихадистите направиле значаен напредок во три подрачја источно од Рамади – Албу Соди, Албу Ганем и делови од Соуфи. Некои од граѓаните по овој напредок одлучиле да го напуштат градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...