fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

Клинички центар затворен за новинари

Репортерот на „Мета“ јавува дека Клинички центар, каде што се префрлени неколкумина повредени полицајци по вооружената престелка во Куманово, е забранет влез за новинари и не се даваат официјални информации за бројот на повредени. Се забележува зголемено присуство на полициски службеници. Директорот на центарот вели дека нема да дава изјави за медиуми, дека тоа ќе го направи или министерот за здравство, Никола...

ДУИ: Граѓаните да останат мирни и да не подлегнуваат на дезинформации

Од Демократската унија за интеграција велат дека со голема загриженост ги следат денешните случувања во Куманово и апелираат до граѓаните за ладнокрвност и да не подлегнуваат на какви било провокации. „Демократската унија за интегрaција смета дека денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ, како и други, се дејства што се во...

Престрелка во Куманово, повредени 12 полицајци

Утрово се случила престрелка меѓу полицијата и сè уште неидентификувана вооружена група во кумановската Дива Населба, во која повредени се 12 полицајци, иако бројката никој не ја потврдува. Патот кон Куманово е блокиран, ангажирани се силни полициски сили и болнички возила. Како што јавуваат медиумите оттаму, по краткиот прекин, престрелката меѓу вооружената група и полицијата повторно се разгорела. Нема потврда на информациите дека...

МВР ги проверува информациите за вооружени групи во Кумановско и во Зајас

Повикувајќи се на информации од медиуми, порталот „Алмакос“ и весникот „Лајм“ доцна синоќа објавија вест дека во Кумановско и во околината на кичевското село Зајас биле забележани вооружени групи. Како што пренесуваат медиумите, жителите на Зајас, наводно, забележале група од околу 50 вооружени лица, но не било познато дали носат униформи со воени симболи и со какво оружје располагаат. Според...

Полицијата не дозволи демонстрантите да стигнат до Јавното обвинителство

Неколку стотини граѓани и денеска се собраа пред Владата на Република Македонија за да протестираат против прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Полицијата, како и вчера, го блокираше приодот кон Владата и не им дозволува на демонстрантите да пристапат до неа. Забележливо е зголемено полициско обезбедување. Еден од демонстрантите прочита писмо пред полицијата со кое ги повика да ги симнат панцирите и оружјето и...

По вчерашните протести, приведени се четири лица

По вчерашните протести приведени се четири лица против кои МВР поднесе прекршочни пријави, изјави денеска Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавноста на МВР, на одбележувањето на Денот на полицијата. Котевски рече и дека идентификувани се уште девет учесници на протестот кои предизвикувале насилство, но сè уште се работи на квалификација на нивните дела во соработка со надлежниот јавен обвинител. - Од...

Јанкулоска: Претстојат денови во кои полицијата повторно ќе биде на тест

„Македонија и нејзините институции се исправени пред еден од поголемите тестови во поновата историја и затоа од вас се очекува да бидете на висина на задачата. Да бидете истрајни и професионални и да ги почитувате Уставот и законите“, рече денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во своето обраќање по повод Денот на полицијата, осврнувајќи се на случувањата од...

Протестот пред Собранието заврши мирно

Иако имаше неколку обиди за провокации од петнаесетина демонстранти, протестот за правда за Мартин Нешковски кој, наместо пред Владата, се одржа пред Собранието, заврши мирно. На последниот обид на дел од демонстрантите да иницираат насилство, се спротиствија група активистки кои застанаа меѓу нив и полицијата. Пред Собранието останаа уште десетина демонстранти кои седат на тревата и разговараат. Дел од присутните го собираа...

Кривични пријави против четворица учесници во вчерашните протести

Полицијата подготвила кривични пријави против четворица скопјани, на возраст од 26 до 40 години, во врска со вчерашните протести за Мартин Нешковски што се одржаа пред зградата на Владата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Четворицата се товарат дека сториле кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување службени дејства“, стои во соопштение на МВР. Станува збор за...

И полицијата и демонстрантите се подготвуваат за денешниот протест

По вчерашниот протест пред Владата, во кој имаше повредено и демонстранти и полицајци, денеска двете страни засилено се подготвуваат за вториот протест, кој треба да почне во 18 часот. На социјалната мрежа „Фејсбук“, демонстратите даваат насоки како граѓаните да се однесуваат при насилни протести, а полицијата се мобилизира. Кордони и полициски возила можат да се видат на речиси секоја уличка во...

Хелсиншки комитет: Врз граѓаните беше употребена прекумерна сила

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира за употреба на несразмерна и прекумерна сила на вчерашниот протест пред Владата. Од комитетот велат дека полициските службеници не ја ограничија употребата на сила само на тие граѓани што беа агресивни кон нив, туку неселективно ги удираа и газеа сите граѓани. - При приведувањето, полицијата повторно примени неселективна, прекумерна и несразмерна сила. Приведувањето траеше и...

На протестот се приведeни 30 демонстранти, а повредени се 38 полицајци

Во вчерашниот протест пред Владата приведени се 30 лица, а повредени се 38 припадници на полицијата, од кои шест се задржани на понатамошно лекување, рече на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Како што вели Јанкулоска, едно од приведените лица било однесено на токсикологија, а потоа било притворено. Јанкулоска рече дека досега се идентификувани 12 лица и...

Полицијата му поднесе прекршочна пријава на Саша Богдановиќ

Полицијата поднела прекршочна пријава против директорот на ЈП „Паркинзи - Центар“, Саша Богдановиќ, бидејќи, како што информираат од МВР, „ги попречувал полициските службеници во вршењето на службените дејства“ по завршувањето на кошаркарскиот натпревар меѓу тимовите на „Работнички“ и на „МЗТ Скопје“. „Околу 21.45 часот, пред влезот на спортска сала „Градски парк“, по завршување на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК „Работнички“ и...

СДСМ: Кога ќе дојдеме на власт, ќе ја вратиме контролата врз УБК и МВР

„Она што се наши барања, како опозиција, ќе бидат наши решенија како власт“, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на прашање на „Мета“ за тоа како планираат да бидат поинакви и што ќе промени сегашната опозиција во делот на контролата на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) кога ќе дојде на власт. Вчера, лидерот на опозицијата, Зоран Заев,...

Јанкулоска за акцијата во Брест : Имаме прилично сериозна ситуација

Две автоматски пушки, две снајперски пушки, стотина парчиња муниција, две радиостаници и маскирна униформа со ознаки на УЧК, запленила полицијата во вчерашната акција во селата Брест и Брњарци, а кои се дел од оружјето што било одземено при нападот на караулата Гошинце, во вторникот, минатата недела, соопшти денеска на прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Според Јанкулоска, оружјето било...

Полицајци од Штип го тужат МВР

Четириесетина пресуди објави Основниот суд од Штип во изминатите два-три месеци, сите во прилог на вработени во Министерството за внатрешни работи. Тужат, главно, полицајци, кои останале покуси за додатоци на плата, прекувремена работа, патни трошоци и за регреси. Независниот полициски синдикат проценува дека на ниво на државата, МВР во изминатите неколку години треба да исплати околу осум милиони евра по...

МВР казни 30 полицајци

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 30 решенија против 30 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето. Како што соопшти МВР, на 23 вработени изречена им парична казна, за четворица вработени преземено е запирање на постапката, еден вработен е писмено предупреден, еден вработен е распореден на работно место кое е едно ниво пониско, а на еден вработен...

Заради референдумот, МВР викендов ќе издава лични карти

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека нивните управни служби ќе работат претстојниот викенд. „По повод закажаниот референдум што ќе се одржи на 26 април 2015 година во Општина Центар, а за да се излезе во пресрет на граѓаните на наведената општина, Министерството за внатрешни работи, односно службите за управни работи, во наредните два дена на 25 и на 26 април ќе работат на издавање...

Во полициска акција во Куманово, уапсени две лица сo пластичен експлозив

Вчера попладне во полициска акција во Куманово биле уапсени две лица за поседување пластичен експлозив, неофицијално информираат за „Мета“ од МВР. Оттаму засега не откриваат повеќе детали за акцијата и дали таа е поврзана со инцидентот на караултата во Гошинце, кој МВР го оквалификува како терористички напад на државните институции. Дел од медиумите шпкулираат дека еден од уапсените во акцијата е...

Москва е загрижена од нападот на караулата во Гошинце

Нападот врз караулата во Гошинце зборува за континуираните етнички тензии во регионот, соопшти руското министерство за надворешни работи. „На ситуацијата влијае, пред сè, сериозниот недостиг од владеење на правото и од безбедност во Косово, што претставува очигледна последица од нерешавањето на косовскиот проблем во целина. Не може да се игнорираат и сè почестите великоалбански пароли во регионот. Сметаме дека напорите на властите...