fbpx

Во полициска акција во Куманово, уапсени две лица сo пластичен експлозив

-

Вчера попладне во полициска акција во Куманово биле уапсени две лица за поседување пластичен експлозив, неофицијално информираат за „Мета“ од МВР.

Оттаму засега не откриваат повеќе детали за акцијата и дали таа е поврзана со инцидентот на караултата во Гошинце, кој МВР го оквалификува како терористички напад на државните институции.

Дел од медиумите шпкулираат дека еден од уапсените во акцијата е ветеран на УЧК, и дека, според неофицијални информации, биле уапсени и негови роднини, од кои едниот бил полициски инспектор.

Повеќе детали за полициската акција се очекуваат во текот на денешниот ден.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...