fbpx

Претпладне облачно, попладне дожд

-

Во Македонија денеска претпладне ќе биде умерено облачно, со кратки сончеви периоди. Попладне ќе има развој на нестабилност, со услови за локални врнежи од дожд. Локални врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта од петок кон сабота. Умерено облачно со сончеви периоди во текот на целиот ден ќе биде во југоисточните предели.

Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели слаб југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од од 2 до 11 Целзиусови степени, а дневните од 13 до 23 Целзиусови степени.
Локални врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта од петок кон сабота.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно, со повремени сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови – нестабилно со услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе изнесува 7 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне 19 степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.