Врнежи и грмежи и во текот на денешниот ден

Максималните температури ќе се движат од 13 до 19 Целзиусови степени

-

И денешниот ден ќе биде облачно, со врнежи од дожд, наместа обилни, известуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени

Врнежите времено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, во форма на невреме со силен ветер. Максималните температури ќе се движат од 13 до 19 Целзиусови степени. За утре пак, се очекува да биде сончево со мала облачност, а кон крајот на денот во западните делови се очекува да има дожд.

Во земјава од вчера попладнето речиси непрекинато врне, а УХМР на секои два часа информираше за состојбата. Според последните информации за последните 24 часа најмногу наврнат водел талог(во l/m2) имало во Маврови Анови, Дебар, Крива Паланка, Берово, Скопје – Петровец, Куманово, Ѓуриште, Попова Шапка, Струмица, Охрид, Крушево, Скопје – Зајчев Рид, а помалку во Тетово, Демир Капија, Гевгелија, Битола, Штип, Прилеп, Претор, Велес, Виница, Тополчани и Дојран.

До средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето, информираат од УХМР.

Семејствата на жртвите во Кочани утре на протестен марш во Скопје

Семејствата на настраданите во пожарот на импровизираната дискотека „Пулс“, утре (вторник) организираат протестен марш под името „Марш за ангелите“ во Скопје со почеток во 12:05 часот. Времето симболизира задоцнета одговорност и...

Дезинформаторски телеграм-канал на македонски – дел од руската мрежа „Правда“

Дезинформаторскиот телеграм-канал Нов постзападен мултиполарен свет, не е новост и сам по себе не е влијателен, но загрижува тоа што од неодамна е врбуван како извор за новости за македонската филијала...

Од Северна Кореја потврдија дека испратиле војници да се борат за Русија во војната во Украина

Северна Кореја за првпат потврди дека испратила војници да се борат за Русија против Украина. Во извештај на државната новинска агенција КЦНА, севернокорејската војска тврди дека нејзините војници им помогнале на...

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во Владимир Путин,...

Семејствата на жртвите во Кочани утре на протестен марш во Скопје

Семејствата на настраданите во пожарот на импровизираната дискотека „Пулс“, утре (вторник) организираат протестен марш под името „Марш за ангелите“ во Скопје со почеток во 12:05 часот. Времето симболизира задоцнета...