fbpx

Престрелка во Куманово, повредени 12 полицајци

-

Утрово се случила престрелка меѓу полицијата и сè уште неидентификувана вооружена група во кумановската Дива Населба, во која повредени се 12 полицајци, иако бројката никој не ја потврдува.

Патот кон Куманово е блокиран, ангажирани се силни полициски сили и болнички возила.

Како што јавуваат медиумите оттаму, по краткиот прекин, престрелката меѓу вооружената група и полицијата повторно се разгорела.

Нема потврда на информациите дека има и жртви.

Рафални истрели од оружје и лет на хеликоптери се слушаа во Куманово од рано утрово. Веќе неколку часа се слушаат пукотници и рафални стрелби.

– Се преземаат мерки за разбивање на вооружена група во Кумановскo, по претходно добиени оперативни сознанија дека во тој дел од градот има вооружена група. Откако ќе заврши акцијата, подетално ќе ја информираме јавноста. Дотогаш апелираме до граѓаните да останат мирни и доколку видат нешто сомнително, да пријават во полиција – вели за „Мета“ помошник-министерот на МВР, Иво Котевски.

Во престрелката, наводно, повредени се 12 полицајци, а меѓу нив неколку со тешки повреди, јавува телевизија „Телма“.
Светлана Спасовска од КАРИЛ во Кумановската болница за „Телма“ изјави дека на тројца од полицајците им била укажана лекарска помош, но сите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, кој е под силно полициско обезбедување и без дозвола за пристап на граѓани и на новинарски екипи.

Со соопштение се огласи и Демократската унија за интеграција, во кое повика на смиреност и да не се подлегнува на дезинформации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...