Клинички центар затворен за новинари

Репортерот на „Мета“ јавува дека Клинички центар, каде што се префрлени неколкумина повредени полицајци по вооружената престелка во Куманово, е забранет влез за новинари и не се даваат официјални информации за бројот на повредени.

Се забележува зголемено присуство на полициски службеници.

Директорот на центарот вели дека нема да дава изјави за медиуми, дека тоа ќе го направи или министерот за здравство, Никола Тодоров, или министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Повредените ги посетија министерот Тодоров и помошниот-министер за внатрешни работи, Иво Котевски.