fbpx

Полицајци од Штип го тужат МВР

-

Четириесетина пресуди објави Основниот суд од Штип во изминатите два-три месеци, сите во прилог на вработени во Министерството за внатрешни работи. Тужат, главно, полицајци, кои останале покуси за додатоци на плата, прекувремена работа, патни трошоци и за регреси.

Независниот полициски синдикат проценува дека на ниво на државата, МВР во изминатите неколку години треба да исплати околу осум милиони евра по основа на тужби. Од МВР нема точна информација за колкав износ се работи.

Јавно објавени пресуди на штипските полицајци се во износи од 20.000 денари, па до 120.000 колку што е најголемиот досуден износ. Портпаролот на штипскиот Основен суд, Стојан Михов, вели дека овие пресуди се базираат на законот и Колективниот договор потпишан меѓу МВР и синдикатот.

Претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев, изјави дека проблемите настанале прво со патните трошоци.

– Имаше прераспределба на полициски службеници од Куманово во Гевгелија, или од Куманово во Дебар. При тоа, колегите не добиваа патни трошоци што им следуваат. Кога почнаа да ги добиваат тужбите на суд, престанаа и ваквите прераспределби – вели Делчев.

Потоа следеле укинувањата на надоместоците за прекувремена работа и дежурства, по што следела нова серија тужби.

Од синдикатот се децидни дека нивните членови ќе бараат да им се исплати до последен денар. Претседателот Делчев уште додава дека имаат за решавање уште многу работи.

– Не само железните кревети за кои говори министерката Јанкулоска во еден од прислушуваните разговори, туку и опремата која е како на албанската армија и полицијата од времето на режимот на Енвер Хоџа – изјави Делчев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...