fbpx

Охрид доби понтон за извлекување на суво и за технички преглед на бродови

-

Охрид доби метален понтон за извлекување на суво и за технички преглед на бродови. Викендов од водите на Охридско Езеро прв беше извлечен бродот „Александрија“.

Васко Маркоски, заповедник на бродот „Александрија“, вели дека понтонот се користи првенствено за технички преглед и за ремонт на бродовите.

– Станува збор за метален понтон, кој се поставува во водите на езерото, се потопува, а потоа се извлекува воздухот, со што бродот се извлекува на суво. Веќе е извршен првиот технички преглед, со инспектор од Франција, од француска компанија и под нивна регулатива бродот беше прегледан. На секои три години бродовите кои редовно пловат, треба да одат на суво за технички преглед – објаснува Маркоски.

Техничкиот преглед вчера беше извршен на потегот на Свети Наум. Овој дел бил одбран од безбедносни причини. На овој потег на езерото има далеку помал обем на воден сообраќај, како и фреквентност на луѓе на ривиерата.

– Само од превентивно-безбедносни причини беше одбран Свети Наум. Бродот „Александрија“ за прегледот беше извлечен со друг брод и се заврши процедурата за преглед. Колку да се информира јавноста, машината воопшто не ѝ штети на околината. Работи на процес на истиснување на воздух, а не испушта никакви хемикалии – додава Маркоски.

Освен за сервисирање бродови, понтонот ќе се користи и за други цели, како градежи зафати покрај брегот и слични маневри.

В.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...