fbpx

„Мост“ регистрирала неколку неправилности на референдумот

-

Вкупно 10,29 отсто од 43.560 жителите на општина Центар излегле на референдумот за изгледот на Градскиот трговски центар, соопшти Граѓанската асоцијација „Мост“, која го набљудува изјаснувањето со 107 набљудувачи.

Граѓанската асоцијација, исто така, соопшти дека на неколку гласачки места се регистрирани неправилности.
На гласачкото место 2.809, на улицата Народен фронт, осум гласачки ливчиња биле откинати заедно со делот кој треба да остане на кочанот и на кој се наоѓа серискиот број. Избирачкиот одбор го запишал случајот во дневникот за евиденција на настани. По затворањето на гласачкото место случајот, како што наведуваат од „Мост“, ќе биде внесен и во записникот, а при пребројувањето на гласовите, откинатите делови ќе бидат вратени во кочанот. Истото се случило и во гласачкото место 2.832 на улицата Мирче Ацев, каде четири ливчиња биле целосно откинати од кочанот. На гласачкото место 2.831, на улицата Ѓуро Ѓоновиќ, две ливчиња заедно со серискиот број се откинати од кочанот, од кои едното е пуштено во кутијата заедно со серискиот број, додека за второто реагирал претседателот на ИО, по што делот со серискиот број бил вратен во кочанот. На истото гласачко место е забележано и читање на глас на имињата на гласачите.

„Мост“ јавува дека на гласачкото место 2.830, на улица Ѓуро Ѓоновиќ, едно лице се расправало со претседателот на избирачкиот одбор на ова место. Расправијата продолжила и надвор од гласачкото место, по што интервернирала и полицијата и го отстранила лицето од објектот.

На гласачкото место 2.837 на улица Вељко Влаховиќ, претставник на избирачкиот одбор на глас ги читал имињата на гласачите, а еден гласач го напуштил параванот и со отворено гласачко ливче ги прашал членовите на избирачкиот одбор дали добро заокружил. Од одборот го посоветувале да го превитка ливчето и дека истото не треба да се покажува јавно.

Граѓанската асоцијација „Мост“ ги повика граѓаните, доколку забележат неправилности, да ги пријават на бесплатната телефонска линија 080080080.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...