fbpx
Таг: ОпштинаЦентар

таг: ОпштинаЦентар

Град Скопје: Жерновски ја користи улицата за собирање политички поени

Од Град Скопје реагираат на, како што пишува во нивното соопштение, лагите изнесени од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, поврзани со изградбата на пристапната улица со посебен режим на Кеј 13 Ноември. „Господинот Жерновски не ја кажува вистината кога тврди дека Град Скопје има намера да изгради улица, а вистината е дека оваа пристапна улица што ќе се гради...

Жерновски: Центар ќе забрани градежни активности на кејот на Вардар

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференција информираше дека вчера до Советот доставил одлука со која се забрануваат градежни активности во опфатот помеѓу реката Вардар, улицата Војвода Васил Аџиларски, улицата Димитрија Чуповски, улица Македонија, Плоштад Македонија и Камени Мост. Во овој реон спаѓа и кејот на Вардар. Со оваа одлука до истекот на оваа календарска година, сите...

СДСМ Центар бара наместо комерцијален објект да се изгради градинка

Советничката група на СДСМ и коалициските партнери остро се спротивставува на злоупотребата на државно земјиште за бизнис-цели, каков што е случајот со комерцијално-деловниот објект на 15 ката, кој треба да се изгради на местото на бараките на јавното претпријатие за станбен и деловен простор. „Бидејки власта сè прави во функција на бизнис-интерес, ова земјиште го обележа како простор од особен државен интерес. Но, тука...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја узурпира Општина Центар

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува агресијата која токму СДСМ ја прави врз Општина Центар и бескрупулозното узурпирање на општинската власт. СДСМ ја киднапира Општина Центар и ја користи само за свои партиски и политички цели. Добро е што застанаа зад Андреј Жерновски, за јавноста да види дека ова беззаконие и расипништво кое се практикува во Центар е заедничко на СДСМ и на...

Изграден потпорниот ѕид на градинката „Панорама“

Општина Центар ја заврши изградбата на потпорниот ѕид на градинката „Панорама“, клон на „Кочо Рацин“. Се наместија и канделабри, а сега поради безбедносни причини, се мести ограда на ѕидот. Следната недела, како што велат од Општината, ќе се санира и урбаната опрема и дворот ќе се уреди хортикултурно. Ѕидот, кој е долг 32 метра, а висок три метри, сега е вкопан во...

Жерновски: Во Дебар-маало ќе се вози со максимални 30 км/ч

Брзината на движење на возилата во Дебар-маало, во центарот на Скопје, ќе се ограничи на 30 километри на час, како дел од проектот на Општина Центар „Зона на мирен сообраќај“, напиша на својот фејсбук-профил, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. „Зачестените сообраќајни несреќи, густиот сообраќај, постоење на училишта и градинки, безбедноста на граѓаните беа причините да предложиме воведување на популарно наречената...

Референдумот не успеа, но Жерновски нема да го даде ГТЦ

Пропадна референдумот во општина Центар за изгледот на Градски трговски центар. Според податоците на градоначалникот Андреј Жерновски, околу 40 отсто од 43.560 запишани гласачи го искористиле своето право на глас, што е за 10 отсто помалку од неопходниот цензус за успешност на рефердендумот. Жерновски вечерва на прес-конференција им се заблагодари на центарци кои излегле на референдумот и гласале за спас...

„Мост“: 26,15 отсто од жителите на општина Центар гласале до 14 часот

Вкупно 26,15 отсто од жителите на општина Центар со право на глас излегле да се изјаснат на референдумот за изгледот на Градскиот трговски центар, соопшти Граѓанската асоцијација „Мост“. Набљудувачите на „Мост“ на теренот забележале нови неправилности на неколку на гласачки места. На гласачкото место 2.802 во ДСУ „Панче Караѓозов“, гласач ја затворил вратата од гласачкото место и не ги пуштал...

„Мост“ регистрирала неколку неправилности на референдумот

Вкупно 10,29 отсто од 43.560 жителите на општина Центар излегле на референдумот за изгледот на Градскиот трговски центар, соопшти Граѓанската асоцијација „Мост“, која го набљудува изјаснувањето со 107 набљудувачи. Граѓанската асоцијација, исто така, соопшти дека на неколку гласачки места се регистрирани неправилности. На гласачкото место 2.809, на улицата Народен фронт, осум гласачки ливчиња биле откинати заедно со делот кој треба да остане на...

ДИК: До 10 часот гласале 5,56 отсто од избирачите

Вкупно 2.420 граѓани до 10 часот наутро излегле да гласаат на референдумот во општина Центар за изгледот на ГТЦ, соопшти Државната изборна комисија. Право на глас имаат 43.546 граѓани, кои требаат да гласаат во 78 избирачки места. Според податоците на ДИК, излезноста до 10 часот изнесува 5,56 проценти. Граѓаните на референдумот треба да одговорат на прашањето „Дали сте за да се...

Центарци се собраа да го гушнат ГТЦ пред референдумот в недела

Неколку стотини граѓани вечерва се собраа пред Градски трговски центар(ГТЦ) на концерт и на „големо гушкање“ на ГТЦ, пред референдумот кој ќе се одржи в недела, а на кој граѓаните на општина Центар ќе одлучуваат за изгледот на овој објект. Настанот е организиран во рамките на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ и е последна активност пред референдумскиот молк, кој стапува на...

Центарци со хитови од шеесеттите се забавуваа на корзото за ГТЦ

Неколку стотини граѓани вечерва се собраа на корзото во паркот Жена-борец, настан во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, чија цел е да ги мотивира граѓаните во општина Центар да излезат на претстојниот референдум на кој ќе се одлучува за изгледот на Градскиот трговски центар. На неколку штандови, поставени во паркот, се собираа донации за спас на ГТЦ. Присутните граѓани на...

Отворена втора читална во општина Центар

Во општина Центар се отвори втората читална која го носи името на еден од основоположниците на современата македонска книжевност и еден од првите членови на МАНУ, Ацо Шопов. Читалната се наоѓа во трговскиот центар „Беверли хилс“ во Капиштец на првиот кат и има фонд од 2.000 книги од сите жанрови, а зачленувањето е бесплатно. - Да го зачуваме она што се...

Референдум во Центар на 26 април за изгледот на ГТЦ?

На 26 април, жителите на општина Центар ќе имаат можност да гласаат на референдум за изгледот на Градскиот трговски центар, а резултатите од референдумот ќе бидат обврзувачки и ќе мора да се применат, вели градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. Прашањето на референдумот ќе биде „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар...

Жерновски ќе бара одговор од Груевски за градежното земјиште во општина Центар

Градоначалникот Андреј Жероновски ќе бара прием кај премиерот Никола Груевски за да побара одговор зошто Владата ја игнорира Општината и дали има намера да го додели градежното земјиште под владение на Општината. Жерновски предложил да се формира делегација составена од градоначалникот и од координаторите на советничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не го прифатиле...

Општина Центар го раскина договорот за катна гаража

Општина Центар го раскина договорот за долгорочен кредит за изградба на катна гаража кај зградата на поранешна НИП „Нова Македонија“, а средствата ќе се пренаменат за ново основно училиште. Ваква одлука вчера едногласно донеле советниците на Општината. Договорот за катна гаража бил склучен меѓу Комерцијална банка и претходното раководство на Општина Центар, на 10 јануари 2013 година. „Градоначалникот на Општина Центар,...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...