fbpx

Извозот на пченица од Украина преку Црното Море никогаш не бил наменет само за африканските земји

-

Објавата се однесува на Иницијативата потпишана во Истанбул на 22 јули годинава меѓу Турција, Русија и Украина, а на предлог на генералниот секретар на Обединетите Нации. Целта на оваа Иницијатива е да овозможи безбеден проток за извозот на пченица и поврзани суровини за исхрана од украинските пристаништа на Одеса, Черноморск и Јужни. Наспроти манипулацијата и невистината во постот, во Иницијативата никаде не е наведено дека единствените земји во коишто ќе се извезува украинската пченица се африканските држави. Целта на Иницијативата не е само африканските сиромашни земји да добиваат жито од Украина, туку тоа да се случува во сите земји каде има побарувачка, односно и во остатокот од свето, а бродовите мониторирани од Иницијативата, почнаа да пловат на 1 август.  До средината на септември, три милиони тони жито излегоа од Украина, пишуваат ОН во својот Извештај за Иницијативата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Сатанистичка, алчна, лицемерна и лажлива Европа која ,,плачеше” Русија да дозволи украинското жито да излезе од Црното Море и да ги нахрани гладните и бедни африкански држави знаете ли што направи?! Од вкупно 78 бродови, 77 ги истоварија по европските пристаништа и само 1 брод пуштија да дојде до африканскиот континент! Галамата што ја дигаа беше за нив, а не за Африканцитe Африканците пак ќе умираат од глад, а Европјаните пак ќе блудничаат од прејадување.

Она на кое се однесува постот е всушност Иницијативата потпишана во Истанбул на 22 јули годинава меѓу Турција, Русија и Украина, а на предлог на генералниот секретар на Обединетите Нации. Иницијативата за безбеден транспорт на пченица и храна од украинските пристаништа (Initiative on the Safe Transportation of Grain and Foodstuffs from Ukrainian Ports) може да ја прочитате на следниот линк.

Целта на оваа Иницијатива, како што е наведено во неа, е да овозможи безбеден проток за извозот на пченица и поврзани суровини за исхрана од пристаништата на Одеса, Черноморск и Јужни (Odesa, Chernomorsk and Yuzhny). Во Иницијативата наспроти манипулацијата и невистината во постот што го рецензираме, никаде не е наведено дека единствените земји во коишто ќе се извезува украинската пченица се африканските држави!

Тоа е измислица на авторот на постот. Обединетите нации, напротив, отворено го прикажуваат фактот дека пченицата од Украина се извезува за повеќе дестинации ширум светот, вклучително и во африканските држави. Во Истанбул е формиран заеднички координативен центар за контрола на Иницијативата. Во него се вклучени претставници на Русија, Украина, Турција и Обединетите нации. Овој центар спроведува надзор и координација за да биде спроведена Иницијативата.

Кога ќе пристапите на веб-страницата на Заедничкиот координативен центар за спроведување на Иницијативата за безбеден транспорт на пченица од украинските пристаништа, ќе ја видите листата на сите бродови кои ги напуштиле украинските пристаништа и запловиле, носејќи жито и други суровини од Украина, откако Украина, Русија и Турција ја потпишаа Иницијативата. Откако почна воената инвазија на Русија врз Украина, значително беше намален извозот на житарици од Украина, како и храна и ѓубрива од Русија. Недостигот на суровини предизвика да растат цените и да настане глобална криза за храна.

Токму за да се намалат последиците од ова, беше потпишана Иницијативата, за да може извозот да се одвива непречено од Украина до остатокот од светот, пишува на страницата на Обединетите Нации. 

Значи, целта на Иницијативата не е само африканските сиромашни земји да добиваат жито од Украина, туку тоа да се случува во сите земји каде има побарувачка, односно и во остатокот од светот. Украина е еден од најголемите извозници на жито и вообичаено добавува 45 милиони тони жито на светскиот пазар секоја година, но по руската инвазија врз земјата на крајот на февруари 2022 година, планини житарици во сила, не можеа да осигураат безбеден пренос од украинските пристаништа и до нив. Ова придонесе да се зголемат цените на основните прехрамбени производи ширум светот. Комбинирано со растот на цените на енергенсите, земјите во развој беа турати на раб на долг, а зголемен број на луѓе на работ на глад.

На 22 јули, Обединетите нации, Русија, Турција и Украина се согласија на Иницијативата која беше потпишана на церемонија во најголемиот град во Турција, Истанбул.

Договорот дозволи да се извезува жито од Украина низ хуманитарен коридор од трите клучни украински пристаништа Черноморск, Одеса и Јужни до останатите делови од светот (а не само до африканските држави како што неточно се сугерира во постот што го рецензираме).

Според процедурите, бродовите коишто ќе сакаат да учествуваат во Иницијативата, ќе поминат инспекција во Истанбул, за да се осигура дека се празни, потоа ќе пловат низ хуманитарниот коридор до украинските пристаништа за да се натоварат. Коридорот е мониториран 24/7 за да се осигура безбедниот проток на бродови. На враќање од украинските пристаништа, бродовите исто така се проверувани од инспекција во Истанбул.

Бродовите мониторирани од Иницијативата, почнаа да пловат на 1 август. До крајот на месецот, над 100 бродови натоварени со повеќе од еден милион тони жито и други суровини ја напуштија Украина.

До средината на септември, три милиони тони излегоа од Украина, што е позитивен прогрес, пишуваат Обединетите нации во својот Извештај за Иницијативата.

Според бројките од ОН, 51 процент од бродовите до средина на септември биле натоварени со пченка, 25 проценти со пченица, 11 проценти со сончогледови производи, 1 процент со соја.

Околу една третина од пратките одат директно во земји со низок приход. Дваесет и пет проценти од она што било натоварено на бродовите е дистрибуирано во земји со низок и среден приход како Египет (8 проценти), Индија и Иран (4 проценти), Бангладеш, Кенија и Судан (2 проценти), Либан, Јемен, Сомалија, Џибути (1 процент) и Тунис (помалку од 1 процент), наведуваат ОН. 

Во овие бројки вклучени се и бродовите од Обединетите нации кои доставуваат хуманитарна помош преку Светската програма за храна (World Food Programme (WFP), преку која е купено жито наменето за Јемен и Африканскиот Рог.

Два брода од ОН веќе ја имаат напуштено Украина, а два други наскоро се очекуваат. Светската програма за храна досега купи 120 илјади метрички тони пченица за да ги поддржи Африканскиот Рог, Јемен и Авганистан.

Првиот таков брод на Светската програма за храна (World Food Programme (WFP) се прикотви во Џибути на 30 август. Вториот брод натоварен со 37.500 метрички тони пченица исплоци на 30 август и се прикотви во Турција на 3 септември каде пченицата ќе биде измелена во брашно. Ова брашно потоа ќе биде натоварено на друг брод кој ќе се упати во Јемен за да ја подели хуманитарната помош. Третиот и четвртиот брод исто така ќе достават пченица. Дваесет и пет проценти од житото е за Турција, Кина и Бугарија, а 50 проценти за Шпанија, Холандија, Италија, Кореа, Романија, Германија, Франција, Грција, Ирска и Израел. Обединетите Нации истакнуваат дека сета пченица која излегува од украинските пристаништа им е од корист на луѓето во потреба, а исто така помага да се смири пазарот и да се ограничи инфлацијата на цената на храната, пишува на веб страницата на ОН.

До 26 септември 2022 година, вкупно 222 бродови од украинските пристаништа испловиле со 4.905.935 метрички тони пченица и други ресурси. Сите дестинации каде се упатени може да ги видите на овој линк. Не сите од нив се дел од Светската програма за храна (World Food Programme (WFP). Оние кои се дел од Светската програма за храна на ОН се болдирани во листата. 

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека само еден брод кој ги напуштил украинските пристаништа бил наменет за африканските земји. Не е вистина дека имало 78 бродови туку до 26 септември вкупно 222 бродови од украинските пристаништа испловиле (најдолу на оваа страница се наоѓа тој податок).

Исто така, Иницијативата потпишана во Истанбул на 22 јули годинава меѓу Турција, Русија и Украина, а на предлог на генералниот секретар на Обединетите нации не се однесува само на експорт на пченица за африканските држави, туку за држави од целиот свет со низок, среден и висок приход.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...