Од Министерство за внатрешни работи информираат дека нивните управни служби ќе работат претстојниот викенд.
„По повод закажаниот референдум што ќе се одржи на 26 април 2015 година во Општина Центар, а за да се излезе во пресрет на граѓаните на наведената општина, Министерството за внатрешни работи, односно службите за управни работи, во наредните два дена на 25 и на 26 април ќе работат на издавање лични карти и тоа в сабота од 08.30 часот до 16.30 часот и в недела од 7 до 19 часот,“ се вели на официјалната веб-страница на МВР.