Сто дена по одлуката на Швајцарската банка да го крене курсот на франкот во однос на еврото, две третини од швајцарските компании ги прилагодија своите цени на променетиот курс, кој ѝ штети на швајцарската економија. Ова го покажува една анкета на консултантската куќа „Стауфен“, во која учествувале 86 швајцарски компании.
Најголем дел од компаниите сè уште не го амортизирале ударот поради промените на одлуките на Централната банка за фиксниот курс на франкот во однос на еврото.