fbpx

Јанкулоска за акцијата во Брест : Имаме прилично сериозна ситуација

-

Две автоматски пушки, две снајперски пушки, стотина парчиња муниција, две радиостаници и маскирна униформа со ознаки на УЧК, запленила полицијата во вчерашната акција во селата Брест и Брњарци, а кои се дел од оружјето што било одземено при нападот на караулата Гошинце, во вторникот, минатата недела, соопшти денеска на прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Според Јанкулоска, оружјето било најдено во објекти на две локации во Брест, сопственост на 55-годишен жител на селото, кој според оперативните информации на МВР, бил дел од 40-члената група што го извршила нападот на караулата. На локацијата во Брњарци која ја користело истото лице не било најдено ништо.

– Одземените предмети се предадени на одделот за криминалистичка техника за нивна понатамошна обработка и за вештачење заради пронаоѓање евентуални траги и докази кои се поврзани со стореното кривично дело. Осомничениот 55-годишен жител на Брест не беше пронајден и во периодот кој следува продолжува потрагата по него, но и по другите членови на групата. Со вчерашниот претрес се потврдија сознанијата што предходно ги имавме, но и индициите за вклученоста на одредени лица кои ги имавме врз база на оперативни сознанија – рече Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи не даде конкретен одговор на новинарските прашања околу мотивите за нападот на караулата.

– Ние имаме индиции и повеќе можни сценарија за тоа каква би можела да биде сликата за која прашувате, но таа ќе биде јасна кога ќе имаме и изјави и осомничени лица кои ќе дадат образложение. Тогаш ќе зборуваме за јасна слика – изјави министерката.

На новинарско прашање за објавата на „Фејсбук“ со која Мирсад Ндрецај, алијас командат Нато, ја презеде одговорноста за нападот на караулата Гошинце, Јанкулоска рече дека според информациите со кои располагаат во моментот, Ндрецај е еден од осомничените за учество во нападот.

Информациите што во петокот минатата недела ги објави српскиот весник „Блиц“, дека според нивни извори од безбедносните служби, нападот во Гошинце е фингиран инцидент зад кој стои Владата, Јанкулоска ги оцени како „бесмислени тези“.

– Сето она што се случи по настанот од 21 април ги дематира ваквите тврдења. Активностите што ги презедовме изминативе денови, потврдуваат дека таквите тези и шпекулации се продукт на една конструкција која навистина не само што е тешко да се замисли, туку посочува дека имаме една прилично сериозна ситуација – изјави министерката.

На прашањата зошто на караулата имало само четворица полицајци, на кој начин била обезбедена и зошто МВР дури 12 часа по инцидентот испрати свои сили на терен, Јанкулоска одговори дека станува збор за тактика на дејствување на полицијата која не може да ја обелодени бидејќи тоа „би можело да влијае на безбедносната состојба“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...