fbpx

Ахмети: Нема индиции дека косовски Албанци го предизвикале инцидентот во Гошинце

-

Нема индиции дека косовски Албанци го предизвикале инцидентот во Гошинце, иако има и такви тврдења од поединци, официјални лица во Македонија, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на заедничката прес-конференција во Приштина со неговиот домаќин, вицепремиер и шеф на дипломатијата на Косово, Хашим Тачи.

Ахмети и Тачи потврдија дека двете влади разменуваат информации во врска со инцидентот.

– Албанците во Македонија не сакаат нова криза и нова војна. Тие сакаат да живеат во мир и во таа насока е многу важно исполнувањето на Охридскиот договор, што во целост ќе донесе рамноправност меѓу граѓаните. Албанците сакаат соживот со Македонците. За Албанците во Македонија нема подобра алтернатива од Охридскиот договор – изјави Ахмети.

Според Тачи, Ахмети дал голем придонес за стабилноста на Македонија, како и за унапредување на односите со Косово.

– Институциите на Косово во целост го поддржуваат спроведувањето на Охридскиот договор, кој беше постигнат со посредство на меѓународната заедница. Во интерес на двете земји е зајакнување на соработката и на довербата и во таа насока им даваме поддршка на Ахмети и на другите лидери на Албанците да работат во интерес на мирот, соработката и на евроинтеграциите – изјави Тачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Државата глува на наодите за корупција од ревизорите и од антикорупционерите

Државниот завод за ревизија до Јавното обвинителство за 2022 година доставил 22 извештаи за 20 институции, од кои досега повратна информација имаат добиено само за пет конечни ревизорски извештаи....