МВР: Киднапиран и малтретиран советник од Општина Центар

Советник од Општина Центар пријавил дека бил грабнат од две лица, информираaт од МВР. Оттаму велат дека тој пријавил грабнување во полициската станица во Центар.

Како што навело лицето, на крстосницата на улицата Васил Ѓоргов и улицата Франклин Рузвелт, околу 2 часот по полноќ, додека се шетал со неколку другари, бил пресретнат од три машки лица со автомобил марка „форд фјужн“ со сива боја, со непознати регистерски таблички, при што од две лица тој и неговите другари биле физички нападнати, а во еден момент тој бил присилно внесен во автомобилот, возен пет-шест минути и фотографиран.