fbpx

СДСМ: Никаква закана нема да го спречи објавувањето на доказите за “Вистината за Македонија“

-

„Министерството за внатрешни работи, обидувајќи се да го извлече братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков, од милионскиот корупцискиот скандал поврзан со набавка на опрема за прислушување, сè подлабоко се заплеткува и станува соучесник во реализираниот криминал“, се наведува во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение од МВР, во кое оттаму информираат дека Министерството работи на нова кривична пријава против лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за кривично дело оддавање државна тајна.

– Заканите со кривично гонење за наводно оддавање државна тајна уште еднаш ја потврдуваат целосната контрола и злоупотреба на правосудните органи од фамилијата на власт. Ниту една закана од Груевски, Мијалков и од нивните блиски соработници, вмешани во страотни криминални и корупциски скандали, нема да го спречат објавувањето на доказите и на аргументите за „Вистината за Македонија“ – стои во соопштението од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...