fbpx
Таг: МВР

таг: МВР

Полицијата осомничи деветмина за шверц на мигранти

Во изминатите неколку дена, полицијата во седум одвоени случаи открила деветмина македонски државјани, осомничени за шверц на илегални мигранти, соопшти МВР. Против сите деветмина биле поднесени кривични пријави за илегален транспорт на мигранти, а судија на претходна постапка на седум од нив им одредил мерка притвор од осум, односно 30 дена. При реализацијата на случаите, полицијата затекнала вкупно 43 илегални мигранти, од...

Скопјанец осомничен за упад во веб-страницата „Експлоринг Маседониа“

Четириесет и четиригодишен скопајнец бил осомничен дека неовластено упаднал во компјутерскиот систем на компанијата „Некстсенс“, преку кој била уредувана интернет-страницата „Експлоринг Маседониа“ (exploringmacedonia.com), соопшти МВР. Секеторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, против осомничениот А.Т. (44) поднел пријава за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем. Според МВР, во серверската единица на компанијата, нелегално упаднал во јуни минатата година и извршил промена на официјалната...

МВР казни 48 полицајци

Министерството за внатрешни работи минатата недела казни 48 вработени поради сторени повреди во работењето. Како што стои во соопштението од МВР, по претходно спроведена дисциплинска постапка, донесени се решенија против 48 вработени. На 43 вработени им е изречена парична казна, додека за пет вработени изречена е мерка за запирање на постапката.

Откриен нелегален мобилен оператор во стан во Гостивар

Министерството за внатрешни работи во Гостивар откри стан кој практично бил претворен во нелегален мобилен оператор, преку кој бил реализиран меѓународен мобилен сообраќај на црно. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, ја реализирал криминалистичката обработка „СИМ-бокс“, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на СИМ-картички и незаконско детерминирање на...

Јанкулоска не го апси Заев оти таква била процената

Секој случај е сам по себе посебен и е единствен по своите карактеристики и ние правиме процени и анализа во однос на конкретната ситуација, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како одговор на новинарско прашање зошто МВР не го аспи лидерот на опозцијата, Зоран Заев, иако против него се поднесени две кривични пријави, од кои една вчера...

Во полициска акција запленети повеќе од 100 килограми марихуана

Во полициска акција, екипи на МВР заплениле повеќе од 100 килограми марихуана, пренесуваат медиумите. Од МВР ја потврдиле информацијата, а повеќе детали за акцијата ќе бидат соопштени на прес-конференција, закажана за денеска во 12 часот.

Заев осомничен за поткуп од 200.000 евра

Министерството за внатрешни работи го сомничи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за случај на корупција од 200.000 евра. „Пријавениот во периодот од ноември 2013 година до денес, во својство на градоначалник на Општина Струмица, на лице од Струмица директно за себе и за друг, му побарал подарок од значителна вредност во износ пресметан од две евра за еден квадратен метар...

Лани имало двојно повеќе случаи на шверц на мигранти од 2013 година

Минатата година полицијата открила 92 случаи на криумчарење мигранти, двојно повеќе во споредба со 2013 година, а кривични пријави биле поднесени против вкупно 166 лица, покажува статистиката на МВР. Според евиденцијата на МВР, лани 1.750 лица илегално ја минале државната граница, во споредба со 1.132 лица во 2013 година. Од нив најмногу биле од Албанија (624), потоа од Сирија (570), од...

Пронајден женски леш кај Студеничани

Тело на мртва жена е пронајдено во водите на реката Вардар во близина на Студеничани. Како што соопшти полицијата, попладнево околу 14.30 часот, добиле дојава дека во близина на нивите на задругата има леш во распаѓање. Засега не се знае идентитетот на починатата, а полицијата почна истрага која треба да утврди дали станува збор за убиство или за самоубиство.

„Чекан“ удри врз двајца гостиварски полицајци

Двајца полицијаци од Гостивар се упасени во продоложение на акцијата „Чекан“, осомничени дека биле членови на криминалната група што беше разбиена во декември минатата година, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што инфромираат оттаму, станува збор за Р.Б. (39), вработен како полициски службеник во одделение за полиција при полициската станица од општа надлежност Гостивар и Ш.Д. (41), командир...

Полициска акција во Гостивар, уапсен поранешен полициски командир

Синоќа, во голема полициска акција на секторот за организиран криминал во Гостивар, биле уапсени повеќе лица, а меѓу нив и поранешниот командир на гостиварската полициска станица, пренесуваат медиумите. Од МВР ја потврдиле информацијата дека била спроведена акција, но не откриваат за што точно станува збор и повеќе детали најавуваат во текот на денешниот ден. Според првичните неофицијални информации, станувало збор за...

Дисциплинска постапка за 34 вработени во МВР

Во текот на минатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 34 решенија против 34 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето. „На 30 вработени изречена им е парична казна, на двајца вработени им е запрена постапката, еден вработен е писмено предупреден, а еден вработен добил отказ“, информираат од МВР.

Гостиварец пронајден со 25 пакетчиња хероин

Гостиварската полиција пронашла 25 пакетчиња со хероин кај гостиварецот А.Ш од село Добридол, за што поднела кривична пријава. „Синоќа, во три часот во Гостивар, на улица Борче Јовановски, А.Ш. од село Добридол, кога ги забележал полициските службеници кои вршеле редовна служба, се дал во бегство и во своја близина фрлил една кеса. Од полициски службеници А.Ш. е фатен и приведен во...

МВР: Документите на Заев се лага, УБК никогаш не следела новинари незаконски

Министерството за внатрешни работи преку соопштение реагира на денешната прес-конфереција на лидерот на СДСМ, во кое се вели дека документите што денеска ги презентираше Заев, а се однесуваат на прислушувани и следени новинари, се најобична лага, а не документи на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК). „Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш незаконски не следеле...

Двајца скопјани осомничени за тешки кражби, однеле плен вреден 500.000 денари

Скопската полиција до надлежното основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против две момчиња на возраст од 25, односно 22 години, осомничени за две тешки кражби што ги извршиле во населбата Кисела Вода, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, станува збор за Х.Е. (25), кому судија на претходна постапка му одредил осумдневен притвор, и за А.Г. (22), кому, пак, му е одредена мерка...

Притворен скопјанец, осомничен за препродажба на хероин

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против 48-годишниот Ф.Џ. од Скопје, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информира МВР. На осомничениот судија на предходна постапка му одредил мерка притвор од 30 дена. Според полицијата, осомничениот од непознато лице набавил поголемо количество...

Иво Котевски најавува тужби за клевета и навреда

Иво Котевски, портпаролот на Министерството за внатрешни работи, ги демантира сите текстови во кои се зборува за поврзаност на Министерството со групата што се претстави како „Македонски анонимуси“. - Јас, лично, како помошник на министерот за внатрешни работи задолжен за односи со јавноста, најостро ги демантирам сите лаги и клевети објавени на неколку интернет-портали за наводно организирање или каква било поврзаност...

Криминална група сечела дрва на диво и ги легализирала преку фирма-параван

Седуммина скопјани и еден кичевец се осомничени дека како членови на криминална група, преку фирма-параван, формирана за таа намена, ја легализирале и прикривале нелегалната сеча на дрва за огрев, оштетувајќи ја државата за сума од околу 14,6 милиони денари, соопшти МВР. Министерството за внатрешни работи денеска до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корпуција поднело кривични пријави против осомничените,...

За десет дена извршиле три разбојништва

МВР ги предаде лицата Д.О. (19 ) и М.А. (19), и двајцата од Скопје, поради основано сомневање дека извршиле три разбојништва и притоа стекнале противправна имотна корист од околу 39.500 денари. Од страна на судија во претходна постапка, на двете лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена за секој. Кривичните дела пријавените ги извршиле во периодот од крајот на минатиот...

Тројца грчки државјани спречени во обид да пренесат мигранти

Оделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија при Регионалниот центар за граничниот реон Југ, поради постоење основано сомневање, до надлежното основно јавно обвинителство поднесе кривични пријави против тројца грчки државјани, А.П. (40), К.Т. (34) и П.Р. (50), како и против непознато лице за криумчарење мигранти, загрозување на сигурноста и за предизвикување општа опасност. Пријавените, како што стои во соопштението на МВР,...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...