fbpx

Полицијата осомничи деветмина за шверц на мигранти

-

Во изминатите неколку дена, полицијата во седум одвоени случаи открила деветмина македонски државјани, осомничени за шверц на илегални мигранти, соопшти МВР.

Против сите деветмина биле поднесени кривични пријави за илегален транспорт на мигранти, а судија на претходна постапка на седум од нив им одредил мерка притвор од осум, односно 30 дена.

При реализацијата на случаите, полицијата затекнала вкупно 43 илегални мигранти, од кои 40 биле од Сирија, еден од Авганистан и двајца од Пакистан.

Мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...