fbpx

Ахмети: Политичката криза не може да се реши без ДУИ

-

Политичката криза во земјата може да се реши само со дијалог меѓу политичките субјекти и со посредство на меѓународната заедница, а без вклучување на албанскиот фактор во земјата во процесот, ниту едно решение нема да биде одржливо, порачал лидерот на Демократската унија за интерграција (ДУИ), Али Ахмети, во својот воведен говор на првиот тематски конгрес на партијата, на кој ќе се одредува партиската платформа за наредната деценија, пренесува „Утрински“ на својата интернет-страница.

– ДУИ верува дека од овој дијалог со кој треба да се надмине политичката криза мора да произлезе и општонароден консензус за решавање на прашањето со името – рекол Ахмети.

Тој го повикал лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ги објави сите материјали што ги поседува за него и за ДУИ и порачал дека тој нема што да крие.

– Ништо да не остане сокриено. Сè што постои за ДУИ нека излезе на виделина. Секој мој разговор и службен и приватен. Јас не водам политика со двојни стандарди. Не мислам ноќе какво зло да направам дење – ја пренесува „Утрински“ изјавата на Ахмети.

Меѓународни дипломати Питер Фејт, Ерван Фуере, Александрос Маљас, кои се гости на конгресот, и Даниел Сервер со кого била остварена видеоврска, побарале институционално решавање на кризата, реформи во судството кои ќе обезбедат независност и транспарентност, слобода на медиумите и поголема отчетност на политичарите.

Нивна заедничка порака била дека политичарите не смеат да ја злоупотребуваат власта и функциите за партиски цели, пренесува „Утрински“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...