fbpx

За десет дена извршиле три разбојништва

-

МВР ги предаде лицата Д.О. (19 ) и М.А. (19), и двајцата од Скопје, поради основано сомневање дека извршиле три разбојништва и притоа стекнале противправна имотна корист од околу 39.500 денари. Од страна на судија во претходна постапка, на двете лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена за секој.

Кривичните дела пријавените ги извршиле во периодот од крајот на минатиот месец до 10 февруари, во вечерните часови, и тоа две на подрачје на Чаир и едно на подрачје на Бит-пазар.

Првото кривично дело Д.О. и М.А. го извршиле на тој начин што откако ја пресретнале оштетената, со физичка сила ја турнале на земја, со рака и ја затвориле устата, со нож ја пресекле на прстот и од раката и го одзеле  мобилниот телефон, при што со трчање заминале. Од мобилниот телефон ја извадиле СИМ-картичката и ја фрлиле, а потоа, наредниот ден, го продале телефонот на Бит-пазар на непознато лице, а парите ги потрошиле за свои лични потреби.

Другите две кривични дела, пак, ги извршиле на тој начин што додека  оштетените се движеле по улица, тие од зад грб им се приближувале и со закана со физичка сила и со претрес по облеката од оштетените одзеле паричник и мобилни телефони.

Во просториите на полициската станица Бит-пазар е извршено класично препознавање на лица и предмети, при што од страна на оштетените со сигурност биле препознаени пријавените. Со потврда за привремено одземени предмети од Д.О. е одземен еден мобилен телефон и истиот е вратен на оштетениот. Исто така, од страна на полициските службеници е извршен и службен разговор со пријавените, при што тие во целост ги  признале кривичните дела.

Д.О. е регистриран сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, за што во периодот од 2012 до 2104 година од страна на СВР Скопје поднесени се две кривични пријави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...